Први чекори

кон разбирањето на Слободата на изразување онлајн и офлајн

врз основа на важечката релевантната судска пракса на Европскиот Суд за Човекови Права-

1.1. Зошто оваа брошура за интернет и слобода на изразување?

Интернетот значително го промени нашиот живот во изминатите години во многу области, вклучувајќи го и начинот на пристап до и објавување на информации. Но, она што е најважно, го подобри остварувањето на нашите права на слобода на изразување како со овозможување на пристап до разни извори на информации, така и со значително демократизирање на отвореното објавување на било каков вид на информации.

„Со оглед на неговата достапност и неговиот капацитет за складирање и соопштување на огромни количини на информации, Интернетот игра важна улога во подобрувањето на пристапот на јавноста до вести и воопшто олеснувањето на ширењето на информациите.“

Times Newspapers Ltd против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), ЕСЧП, 2009  

Times Newspapers Limited против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), Жалби бр. 3002/03 и 23676/03, Пресуда 10 март 2009

Европскиот суд за човекови права одлучи дека немало непропорционално мешање во слободата на печатот согласно Член 10 од Европската конвенција за човекови права кога на весникот му било наложено од страна на судовите да објави известување во неговите интернет архиви во кое објавува дека две статии се предмет на судска постапка за клевета и не смеат да се умножуваат ниту користат без консултација со неговиот правен оддел.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-91706

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-1623

Следствено, ова ја претвори слободата на изразување - особено во онлајн средината - во тема која ги засега сите, а не само новинарите или невладините организации кои се занимаваат со слобода на изразување.

Експресивната активност генерирана од корисниците на интернет обезбедува невидена платформа за остварување на слободата на изразување.

Delfi AS против Естонија 2015 [Голем судски совет], ЕСЧП, 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

Исто така стана неопходно информациите што ги објаснуваат основните концепти околу слободата на изразување и судската практика да се поедностават и да и се објаснат на широката публика која може да биде заинтересирана за оваа тема.

„функцијата на блогерите и популарните корисници на социјалните медиуми може да биде асимилирана од онаа на јавните чувари ", доколку се работи за заштитата од член 10."

Предмет Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], ЕСЧП, 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

Иако голем број книги и правни истражувања за судиите или другите правници се објавени на оваа тема, ние веруваме дека сега има уште поголема потреба да се поедностават и објаснат основите на слободата на изразување, особено оние кои се применува во дигиталниот свет. Сето ова е претставено низ призмата на сегашната судска практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), што треба да биде главната референтна точка за сите европски интернет корисници.

Идејата за оваа брошура се појави исто така како резултат на неколку лични искуства од работата поврзана со слободата на изразување во изминатите години:

Прво, се чини дека темата е интересна не само за професионалните новинари, туку и за разни други корисници на интернет кои имаат многу различно образование и во суштина не многу познавање од правото. Сепак, сите тие се вклучени во пренесување на информации на интернет и понекогаш тврдат дека е извршена повреда на нивните права на слобода на изразување.

Второ, процесот на донесување одлуки за политиките во врска со слободата на изразување се чини дека честопати е избрзан, без да се овозможи доволно време за долги јавни дебати или за користење на детални или сеопфатни извештаи, како основа за одлуките. Ова особено важи за одредени земји во Јужна и Источна Европа. Затоа, извадоците од аргументите и заклучоците на ЕСЧП можат да бидат широко прифатени референтни точки и, како последица на тоа, корисна алатка за одбрана во дебатата.

Трето, во однос на протокот на информации достапен денес, многу корисници бараат лесно разбирливи, дестилирани информации со цел да го обликуваат своето мислење (а не огромни текстови со правнички жаргон кои би можеле да изгледаат далечни или од друг век).

Но, ние веруваме дека повеќето од одлуките и аргументите за слобода на изразување во судската пракса на ЕСЧП се лесно разбирливи за пошироката публика, доколку се презентираат правилно.

„Членот 10 од Конвенцијата ја гарантира слободата на изразување на " сите ". Таа не прави никаква разлика во однос на тоа дали целта која треба да се постигне е остварување на добивка или не. "

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, ЕСЧП, 2013  

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, жалба бр. 40397/12, Одлука 19 февруари 2013

Овој предмет се однесуваше на жалбата на двајца од основачите на "The Pirate Bay", една од најголемите светски веб-страници за споделување на torrent-датотеки, дека со нивната осуда за соучество во извршување на кривични дела поврзани со прекршување на Законот за авторски права извршена е повреда на нивната слобода на изразување .

Судот ја прогласи жалбата за недопуштена како очигледно неоснована. Тој одлучи дека споделувањето или дозволувањето на другите да споделуваат, датотеки од ваков вид на Интернет, дури и материјал заштитен со авторски права и заради остварување на профит, било опфатено со правото на "примање и пренесување информации" според членот 10 (слобода на изразување ) од Конвенцијата. Меѓутоа, судот одлучи дека домашните судови правилно ги избалансирале конкурентните интереси - на пример, правото на жалителите да примаат и да пренесуваат информации и потребата за заштита на авторските права - при осудата на жалителите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117513

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7408

1.2. Слобода на изразување. Од каде да почнеме?

Слободата на изразување е широко употребувано, многупати кршено, а сепак недоволно разбрано основно право.

Кога не ни се допаѓа она што некој го кажува, сакаме тој да биде замолчен и опоменат.

Кога сакаме нешто да кажеме, наводно на истиот начин како и говорот со кој не се согласуваме, мислиме дека имаме право слободно да го сториме тоа.

Но ретко размислуваме зошто имаме основно право на слобода на изразување, за што е корисно и зошто и кога и како ова право ќе биде ограничено.

Слободата на изразување "се применува не само за "информации" или "идеи" кои се примени со одобрување или се сметаат за ненавредливи или ве оставаат рамнодушни, туку и за оние што навредуваат, шокираат или вознемируваат. Такви се барањата на плурализмот, толеранцијата и широките сфаќања без кои нема "демократско општество" .

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], ЕСЧП, 2012  

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], Жалба бр. 48311/10, Пресуда 7 февруари 2012

Друштвото жалител е издавач на национален дневен весник со голем тираж кој во септември 2004 година на насловната страница објави статија за ѕвездата на популарната телевизиска серија која беше уапсена на фестивалот за пиво во Минхен за поседување на кокаин. Статијата беше дополнета со подетален напис на друга страница. Веднаш по објавувањето на оваа статија, актерот прибавил судска забрана за секое понатамошно објавување на статијата. Друштвото жалител се жалеше на забраната што му била изречена против известувањето за апсењето и осудата од актерот за кој станува збор.

Судот одлучи дека имало повреда на членот 10 (слобода на изразување) на Конвенцијата, утврдувајќи дека ограничувањата кои му биле наметнати на друштвото жалител не биле разумно пропорционални на легитимната цел за заштита на угледот или правата на другите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-145700

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-9955

Не постои договорено размислување кое дава одговор на горенаведените изјави. Добрата вест е дека постојат многу мудреци по политичка филозофија, правни документи и судски одлуки кои ни даваат некои насоки. И уште подобра вест е дека, бидејќи правното и судското спроведување на ова право во различни контексти е секогаш динамично, секој може да каже нешто и да влијае на начинот на спроведување на политиката. За да го сториме тоа, треба подобро да ги разбереме основните постулати на ова право.

Резиме на некои од клучните концепти зад правото на слобода на изразување е наведено подолу.

Што е слобода на изразување?

„Слободата на изразување претставува еден од основните постулати на едно демократско општество и еден од основните услови за неговиот напредок и за самореализација на секој поединец.“

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], ЕСЧП, 2012  

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], Жалба бр. 48311/10, Пресуда 7 февруари 2012

Друштвото жалител е издавач на национален дневен весник со голем тираж кој во септември 2004 година на насловната страница објави статија за ѕвездата на популарната телевизиска серија која беше уапсена на фестивалот за пиво во Минхен за поседување на кокаин. Статијата беше дополнета со подетален напис на друга страница. Веднаш по објавувањето на оваа статија, актерот прибавил судска забрана за секое понатамошно објавување на статијата. Друштвото жалител се жалеше на забраната што му била изречена против известувањето за апсењето и осудата од актерот за кој станува збор.

Судот одлучи дека имало повреда на членот 10 (слобода на изразување) на Конвенцијата, утврдувајќи дека ограничувањата кои му биле наметнати на друштвото жалител не биле разумно пропорционални на легитимната цел за заштита на угледот или правата на другите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-145700

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-9955

  • Таа е важен инструмент за слободата на мислата
  • Таа овозможува свесни избори кои се базираат на почитувањето на одредени вредности, а со тоа дава индивидуална автономија и го дефинира идентитетот на секој поединец.
  • Таа придонесува кон знаењето и разбирањето, преку дебатирање за општествените и моралните вредности и обезбедува пазар на идеи
  • Таа овозможува соопштување на политички идеи, а со тоа придонесува за демократијата
  • Гради толеранција со тоа што им овозможува на другите да се изразат
  • Придонесува кон уметнички развој, и го олеснува академскиот и научен напредок 1

Од што се состои слободата на изразување?

  • правото на ширење информации, во сите форми и облици, и;
  • правото да другите да ги примаат.
Слободата на изразување "се однесува не само на содржината на информациите туку и на средствата за нивно ширење, бидејќи секое ограничување наметнато врз средствата нужно го попречува правото на примање и пренесување информации".

Özturk против Турција [Голем судски совет], ЕСЧП, 1999

Зошто ја ограничуваме слободата на изразување?

  • Бидејќи им штети на остварувањето на други права (правото на приватност, правото на правично судење, правото на слобода на мислата, совеста и религијата) или ги пречекорува основните граници за човекови права (забраната на дискриминација и забраната на злоупотреба на права)
  • Бидејќи не се прави со добра волја (објавување на недоволно потврдени факти), чист навредлив јазик кој не служи за дебата од јавен интерес, и слично)
  • Бидејќи е штетна и не е од јавен интерес
  • Бидејќи го загрозува зачувувањето на демократијата или законот и редот (откривање државни тајни, претставува ризик за кршење на мирот итн.),
„Како што е наведено во член 10, слободата на изразување подлежи на исклучоци, кои, сепак, мора да се толкуваат строго, а потребата за какви било ограничувања мора да се утврди како неопходна.“

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], ЕСЧП, 2012  

Axel Springer против Германија [Голем судски совет], Жалба бр. 48311/10, Пресуда 7 февруари 2012

Друштвото жалител е издавач на национален дневен весник со голем тираж кој во септември 2004 година на насловната страница објави статија за ѕвездата на популарната телевизиска серија која беше уапсена на фестивалот за пиво во Минхен за поседување на кокаин. Статијата беше дополнета со подетален напис на друга страница. Веднаш по објавувањето на оваа статија, актерот прибавил судска забрана за секое понатамошно објавување на статијата. Друштвото жалител се жалеше на забраната што му била изречена против известувањето за апсењето и осудата од актерот за кој станува збор. Судот одлучи дека имало повреда на членот 10 (слобода на изразување) на Конвенцијата, утврдувајќи дека ограничувањата кои му биле наметнати на друштвото жалител не биле разумно пропорционални на легитимната цел за заштита на угледот или правата на другите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-145700

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-9955

Какви треба да бидат овие ограничувања?

  • Да бидат утврдени со закон
  • Да имаат легитимна цел (да ги штитат другите права или интереси)
  • Да бидат неопходни во демократско општество (мора да постои итна општествена потреба)
  • Да бидат пропорционални

Изразувањето може да има различни форми: кажани и писмени зборови, уметнички дела, филмови, театарска музика, други изведувачки уметности или настани, вклучувајќи го и уништувањето на имотот, кога таквото дело има "говорна" содржина (примери од реалниот живот би вклучиле горење од националното знаме, фрлање канта со боја врз статуа). Воздржувањето од изразување е исто така форма на правото на слобода на изразување (право да се молчи).

Слободата на изразување опфаќа широк спектар на комуникации, од политички израз, до академска, уметничка или комерцијална комуникација, при што секоја од нив добива различни нивоа на заштита. Слободата на изразување го вклучува правото на пристап до информации, што во случај на новинари може да значи да се добие пристап во јавна институција, вклучувајќи ги и судовите, или до јавен документ, вклучувајќи и податоци на тајните служби. Од друга страна пак, доколку се работи за граѓани, тоа би можело да значи дека нема цензура за пристап до информации на Интернет.

Изразувањето може да се пренесе преку разни канали: печатени медиуми, книги, писма, постери, канали за емитување и, се разбира, во изминатите години, главно преку Интернет.

1.3. 1.3. Слободата на изразување како основно право

Како основно човеково право, правото на слобода на изразување е загарантирано со голем број релевантни документи и договори од меѓународното право.

Универзалната декларација за човекови права усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година го гарантира правото на слобода на говорот во членот 19, како што го гарантира и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права усвоен од истото тело во 1966 година; исто така според член 19.

Повелбата за основните права на Европската унија беше усвоена во 2000 година од страна на Европскиот парламент, Советот на министри и Европската комисија и стапи во сила во 2009 година и се смета за "Устав" на Европската унија. Исто така, го заштитува правото на слобода на изразување според членот 11.

Од посебно значење е Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) на Советот на Европа, отворена за потпишување во 1950 година, која ја вклучува слободата на изразување во член 10. Таа стапи во сила во 1953 година и беше изменета, во текот на годините, со усвојувањето на 16 протоколи 2 . Некои протоколи кон Конвенцијата сè уште не се ратификувани од секоја земја. Европскиот суд за човекови права е тело кое го надгледува спроведувањето на Конвенцијата во 47 земји-членки на Советот на Европа.

Бидејќи Европската конвенција за човекови права претставува главен инструмент за човекови права за државите на Советот на Европа, оваа брошура главно се фокусира на јуриспруденцијата развиена од страна на Европскиот суд за човекови права.

timeline

ЧЛЕН 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права

Слобода на изразување

1
Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите да им наметнуваат лиценци на радиодифузните, телевизиските претпријатија или кината.
2
Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да подлежи на одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството. .

1.4. Како да се разбере оваа брошура

Обемот на правото на слобода на изразување се заснова на менување на филозофските, политичките и правните концепти. Треба да се анализира воведување на специфични географски, правни и социјални контексти. Во најголем дел тоа вклучува воспоставување рамнотежа со остварувањето на други права и основни вредности.

Затоа, предметите претставени во оваа брошура треба да служат само како упатување. Судската практика како онаа на ЕСЧП се менува постојано, а понекогаш е во судир и самата со себе. Понекогаш може да подлежи и на критика, бидејќи од време на време резултира со разочарувачки исходи за оние кои ги промовираат основните права на слобода на изразување и пристап до информации. Освен тоа, техничкиот развој на интернетот може да промени одредени претпоставки што ги имаме денес и кои би можеле да бидат вклучени во идните одлуки.

Сепак, таквата судска практика како онаа на ЕСЧП може многупати да биде визионерска и има големо значење во промоцијата на основните стандарди со кои законски се доделуваат правата на слобода на изразување и пристап до информации.

Цената што треба да се плати во однос на дестилирањето на целата постоечка судска практика на ЕСЧП вреди да се укаже. Прво, информациите во оваа брошура во никој случај не претставуваат правен совет. Второ, уредниците на брошурата мораа да ги ограничат информациите што треба да се презентираат, избор што за одредени правници може да биде недостаток. Исто така, со оглед на избраните домени и предмети, бевме приморани некои прашања да ги разгледаме многу кратко - како што се прашањата за "говор на омраза" или "заштита на новинарски извори".

Исто така, со цел да се поедностави текстот во верзијата на брошурата, одредени цитати се отстранети од внатрешните упатувања на други предмети или документи на ЕСЧП. Исто така, името на предметот е наведено што пократко, како "Име на тужителите против земјата, година". Предметите по кои одлучил Големиот судски совет се означени како такви. Сите задебелувања на текстот во цитатите го извршија уредниците со цел да ги нагласат главните клучни зборови релевантни за читателот.

Повеќе детали се дадени во веб верзијата, достапна на https://cases.internetfreedom.blog, која вклучува кратко резиме на секој предмет, и линкови до целиот текст на пресудата/одлуката или на правните резимеа.

Треба исто така да признаеме дека нашата работа е потпомогната не само со фактот дека сите информации поврзани со судската пракса на ЕСЧП се јавно достапни на интернет, туку и поради постоењето на разни други проекти и публикации - сите достапни онлајн - кои подетално систематизираат или анализираат голем дел од судската пракса на ЕСЧП која (исто така) се однесува на Член 10.

Тука се наведени најважните, особено за корисниците кои можеби сакаат или имаат потреба подетално да разгледаат некои специфики на слободата на изразување:

  • Кратките прикази по теми за релевантната пракса на судот и предметите во тек собрани од страна на прес службата на Судот 3
  • Агенцијата за основни права - Базата на податоци за судската пракса обезбедува компилација на судска пракса на Европската унија (СПЕУ) и судска пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) со директно упатување на Повелбата за основните права на Европската унија 4
  • Интернет: релевантна судска пракса на Европскиот суд за човекови права (2015) 5
  • Слобода на изразување во европската релевантна судска пракса во однос на член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права (2007)6 6
  • Слобода на изразување, медиуми и новинари. Релевантна судска пракса на Европскиот суд за човекови права - објавена од Европската аудиовизуелна опсерваторија (2015) 7
  • Водич за примена на член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права – (2004) Слобода на изразување и клевета - Истражување на релевантната судска пракса на Европскиот суд за човекови права (2016) Текстот е достапен на https://rm.coe.int/16806ac95b Регулаторни власти за медиуми и говор на омраза (2017) 10
  • Блог на Набљудувачите во Стразбур при Центарот за човекови права на Универзитетот Гент во Белгија 11
  • Глобална слобода на изразување - Универзитетот Колумбија - база на податоци од над 1027 предмети ширум светот12 12

Регулирање на содржината

Слободата од цензура е најсилното барање направено во име на правото на слобода на изразување, можеби дури и основното дејство за кое се бара ова право. Меѓутоа, цензурата може да биде и во законски прифатени форми. Може да биде одлучено дека цензурата пред објавување (судски мерки со кои се забранува издавање на одреден материјал) и заплена на изданија се прифатливи форми на регулирање на содржина, дури и ако истите биле многупати дискутабилни или контроверзни.

Цензурата претставува систем на контрола врз објавувањето на книги, филмови, писма и сл. Може да вклучува дури и коментари од корисници на интернет. Може да има државна цензура (спроведена преку нејзините агенции, врз основа на нејзините закони и регулативи), но исто така може да има форма на приватна цензура, каде приватниот актер одлучи да не дозволи одреден говор да стигне до јавноста. Приватната цензура е потешко да се докаже и е покомплицирана. На пример, кога статијата на еден новинар не е објавена од страна на приватен медиум, неговите уредници како аргумент ќе ја наведат слободата на уредувачката политика. На корисник кој објавува коментар на веб-страница најверојатно како аргумент ќе му бидат наведени политиките и прописите за коментари.

Сите концепти како што се:

  • потребата од овозможување на правично судење,
  • потребата од заштита на децата, или здравјето и моралот,
  • потребата од заштита на реномето и правата на другите,
  • потребата од спречување на соопштувањето на информации примени во доверба, или
  • националната безбедност
се користат како аргументи и правни основи во регулирањето на содржината.

Во обидот за спречување на прекумерната употреба на казнени мерки со цел регулирање на содржината со што се обесхрабрува слободното изразување, Европскиот суд за човекови права има развиено обемна судска пракса. Некои водечки принципи може да се најдат подолу.

element cheie Клучни аспекти од релевантните предмети на ЕСЧП:

Заплена на изданија и цензура пред објавување- само под строг судски надзор

„(...) опасностите што се својствени за ограничувањата пред објавување се такви што бараат највнимателно разгледување од страна на Судот. Ова особено важи во однос на печатот, бидејќи вестите се расиплива стока и одлагањето на нивното објавување, дури и за краток период, може да доведе до губење на вредноста и интересот“.

Observer и Guardian против Обединетото Кралство, 1991  

Observer и Guardian против Обединетото Кралство, жалба бр. 13585/88, Пресуда 26 ноември 1991

Весниците The Observer и The Guardian се жалеа пред Европскиот суд за човекови права откако националните судови издадоа судска мерка со која се забранува објавувањето на одредени статии повикувајќи се на тоа дека истите би ја загрозиле националната безбедност. Судот одлучи во полза на весниците.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57705

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Ефектот на судската мерка за забрана беше..делумно да се цензурира работата на жалителот и значително да се намали неговата можност за искажување во јавноста неговите ставови кои имаат свое место во јавната дебата и чие постоење не може да се негира. Не е важно дали неговото мислење е мислење на малцинството и може да се чини неосновано, во област во која сигурност не е веројатна, би било особено неразумно да се ограничи слободата на изразување само на општо прифатени идеи“.

Hertel против Швајцарија, 1998  

Hertel против Швајцарија, жалба бр. 25181/94, Пресуда 25 август 1998

На жалителот, г-дин Hertel, му било забрането да објави статии на темата поврзана со потенцијални здравствени последици од употребата на микробрановите печки. Судот сметаше дека мерките за забрана биле непропорционални и затоа постоело повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-59366

Правни резимеа и коментари:

„… сепак би сметал дека ограничувања пред издавање побрзо би се оправдале во случаи кои не покажуваат неопходна потреба од итни објавувања и во кои не постои очигледен придонес кон дебата од интерес на општата јавност. (...) Ограничениот обем согласно член 10 на ограничувања врз слободата на печатот да објавува материјал кој придонесува кон дебата по прашања од интерес за општата јавност мора да се земе во предвид.“

Mosley против Обединетото Кралство, 2011  

Mosley против Обединетото Кралство, жалба бр. 48009/08, Пресуда 10 мај 2011

Г-дин Mosley се жалел до Европскиот суд за човекови права откако Обединетото Кралство објавило статии со што е извршена повреда на неговото право на приватност. Дури и да добиел надомест за морална штета на суд, г-дин Mosley се жалел до Европскиот суд за човекови права дека непостоењето на правен услов според кој медиумите ќе го известат лицето пред да објават детали за приватноста (претходно известување) претставува повреда на правото на приватност. Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека непостоењето на законски услов за претходно известување на кој би подлежеле весниците не претставува повреда на неговото право на приватност.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-104712

Правни резимеа и коментари:

Политичкиот говор е најзаштитената форма на говор
„(...) слободата на политичката дебата е во самата суштина на концептот на демократското општество кој се провлекува низ Конвенцијата. Границите на прифатливиот критицизам се соодветно пошироки во однос на политичарот како таков отколку на приватно лице. За разлика од него, политичарот неминовно и знаејќи се поставува отворено на темелно испитување на секој негов збор или дело од страна на новинарите и пошироката јавност, следствено тој мора да покаже поголем степен на толеранција. Без сомнение член 10 став 2 овозможува угледот на другите - односно да се рече на сите поединци- да биде заштитен, и оваа заштита за протега на политичарите исто така, дури и тогаш кога тие не делуваат во нивно приватно својство; но во таквите случаи барањата за таква заштита мора да бидат одмерени во однос на интересот за отворена дискусија за политички прашања“. ."

Lingens против Австрија, 1986  

Lingens против Австрија, жалба бр. 9815/82, Пресуда 8 јули 1986

Г-дин Lingens, австриски новинар, успешно се жалеше до Европскиот суд за човекови права откако беше кривично осуден за клевета. Осудата на новинарот беше донесена откако тој остро го критикуваше, во своите статии, пензионираниот Канцелар на Австрија. Тој употребил зборови како „најгруб опортунизам“, „неморално“, и „недостоинствено“ за да го опише однесувањето на политичарот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57523

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/lingens-v-austria/

Границите на дозволен критицизам се пошироки во однос на Владата, повторно, во однос на приватен граѓанин, па дури и политичар. Во еден демократски систем дејствата или пропустите на Владата мора да бидат предмет на непосредна контрола не само од законодавната и судската власт туку, исто така, и од печатот и јавното мислење. Понатаму, доминантната позиција која Владата ја зазема го прави неопходно покажувањето на воздржаност при прибегнувањето кон кривични постапки, особено кога има на располагање други средства за одговор на неоправдани напади и критики од нејзините противници или медиумите“.

Castells против Шпанија, 1992  

Castells protiv Španije, Predstavka br. 11798/85, Presuda od 23. aprilaa 1992.

Gosp. Kastels, španski političar, dobio je osuđujući presudu (kaznu zatvora; takođe je diskvalifikovan, na isti vremenski period, u pogledu zauzimanja bilo koje javne funkcije i vršenja profesije i naloženo mu je da plati troškove) zbog oštrih optužbi na račun Vlade. Gospodinu Kastelsu je uskraćeno pravo na dokazivanje istinitosti svojih navoda. Evropski sud za ljudska prava doneo je odluku da je izvršena povreda Člana 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57772

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/castells-v-spain/

Медиумите имаат посебна заштита според Конвенцијата
„Како што судот истакна во неговата пресуда во предметот Handyside, слободата на изразување претставува една од основните темели на едно демократско општество; предмет на став 2 од член 10, тоа важи не само за информации или идеи кои се позитивно примени или се сметаат за ненавредливи или се примени со индиферентност, но исто така и на оние кои ја навредуваат, шокираат, или вознемируваат Државата или некој сектор од популацијата (...). Овие принципи се особено значајни што се однесува до печатот.“

Sunday Times против Обединетото Кралство, 1979  

Sunday Times против Обединетото Кралство, жалба бр. 6538/74, пресуда 26 април 1979

The Sunday Times успешно се жалеше до Европскиот суд за човекови права, откако англиските судови издадоа судска мерка со која на весникот му се забранува да објави статија за сериозните здравствени ризици кои ги предизвикува лекот талидомид (thalidomide). Во статијата се пишува и за преговорите за порамнување за „талидомид децата“ , по употребата на талидомид од страна на бремени жени што предизвикала сериозни деформитети кај фетусот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57584

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/the-sunday-times-v-united-kingdom/

„ Иако печатот не смее да ги премине поставените граници, inter alia, за „заштитата на угледот на другите“, тој е сепак должен да ги соопштува информациите и идеите од политичка природа исто како и од другите области од јавен интерес. Не само што печатот има задача да ги соопштува таквите информации и идеи: јавноста исто така има право да ги прима (...). Во оваа корелација, Судот не смее да го прифати мислењето, изразено во пресудата на Апелациониот суд на Виена, за тоа дека задача на печатот е да ги соопштува информациите, а толкувањето на истите треба да им биде оставено примарно на читателите (...). Слобода на печатот понатаму и го овозможува на јавноста еден од најдобрите начини за откривање и формирање на мислење за идеите и ставовите на политичките лидери.

Lingens против Австрија, 1986  

Lingens против Австрија, жалба бр. 9815/82, Пресуда 8 јули 1986

Г-дин Lingens, австриски новинар, успешно се жалеше до Европскиот суд за човекови права откако беше кривично осуден за клевета. Осудата на новинарот беше донесена откако тој остро го критикуваше, во своите статии, пензионираниот Канцелар на Австрија. Тој употребил зборови како „најгруб опортунизам“, „неморално“, и „недостоинствено“ за да го опише однесувањето на политичарот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57523

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/lingens-v-austria/

Во овој предмет, жалителот ги изразил своите гледишта со нивно објавување во весник. Следствено, мора да се земе предвид значајната улога на печатот во Држава во која има владеење на правото. (...) Инаку, печатот не би бил во можност да ја има својата витална улога на „јавен чувар“.

Thorgeirson против Исланд, 1992  

Thorgeirson против Исланд, жалба бр. 13778/88, Пресуда 25 јуни 1992

Г-дин Thorgeirson напиша статија во која повикува на истрага за полициската бруталност. Тој користеше остри изрази како : „диви ѕверови во униформа кои ползат наоколу, тивко или не, во џунглата на ноќниот живот во нашиот град“. Му беше пресудено да плати кривична парична казна за клевета на неодредени припадници на полицијата. По жалбата поднесена од г-дин Thorgeirson Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во негова полза, сметајќи дека ова обвинение претставува повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57795

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Ограничување на изразувањето - само ако е неопходно во едно демократско општество
„Под знак прашање е дали информациите во извештајот се доволно чувствителни за да се оправда спречувањето на нивното ширење. . [...] Во врска со последното, Судот истакнува дека веќе одлучил дека не е потребно да се спречи откривањето на одредени информации, бидејќи тие веќе биле објавени во јавноста или повеќе не се доверливи. [...] Накратко, бидејќи мерката не беше неопходна во едно демократско општество, имаше повреда на член 10.

Vereniging Weekblad Bluf! Против Холандија, 1995  

Vereniging Weekblad Bluf! Против Холандија, жалба бр. 16616/90, Пресуда 09 февруари 1995

Тужителот беше холандско здружение кое издаваше неделен часопис под име Bluf!. Во 1987 година, Bluf! прими доверлив извештај од холандската внатрешна тајна служба и одлучи да го објави. Како последица на тоа, нивните простории беа претресени по налог од судијата кој ја водел истрагата. Целиот тираж на тоа издание на Bluf! беше запленет. Во текот на ноќта, персоналот на Bluf! тајно го испечати изданието по втор пат, и околу 2.500 примероци беа дистрибуирани следниот ден на улиците. По затворање на истрагата, немаше кривични обвиненија против персоналот на Bluf!, но холандските судови сметаа дека сите примероци од тоа издание треба да се повлечат од јавен оптек. Европскиот суд за човекови права одлучи дека холандските власти извршиле повреда на член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57915

Правни резимеа и коментари: http://merlin.obs.coe.int/iris/1995/3/article6.en.html

„(...) ограничувањето на слободното изразување во интерес на националната безбедност не би требало да се смета за нужно освен ако нема „итна општествена потреба" за таквото ограничување и е „пропорционално на легитимните цели што се сака да се постигнат".

Observer and Guardian против Обединетото Кралство, 1991  

Observer и Guardian против Обединетото Кралство, жалба бр. 13585/88, Пресуда 26 ноември 1991

Весниците The Observer и The Guardian се жалеа пред Европскиот суд за човекови права откако националните судови издадоа судска мерка со која се забранува објавувањето на одредени статии повикувајќи се на тоа дека истите би ја загрозиле националната безбедност. Судот одлучи во полза на весниците.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57705

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Придавката „нужен“, во рамките на значењето на член 10 став 2 , имплицира постоење на „итна општествена потреба“.

Observer and Guardian против Обединетото Кралство, 1991  

Observer и Guardian против Обединетото Кралство, жалба бр. 13585/88, Пресуда 26 ноември 1991

Весниците The Observer и The Guardian се жалеа пред Европскиот суд за човекови права откако националните судови издадоа судска мерка со која се забранува објавувањето на одредени статии повикувајќи се на тоа дека истите би ја загрозиле националната безбедност. Судот одлучи во полза на весниците.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57705

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Навредливиот говор е заштитен говор
Според мислењето на Судот, статијата на жалителот, а особено зборот Trottel („идиот“), со сигурност може да се смета за полемичен, но тие не го препознаваат како личен напад бидејќи авторот предвидел објективно разбирливо објаснување за тоа што произлегува од говорот на Хајдер, кој и самиот беше провокативен. (...) Точно е дека нарекувајќи го еден политичар Trottel може да биде навредливо. Во конкретниот случај, сепак, зборот изгледа дека не е диспропорционален со негодувањето кое свесно го покрена г-дин Хајдер. Што се однесува до полемичниот тон на статијата, за кое Судот не треба да одлучува дали го одобрува, мора да се запомни дека член 10 ја заштитува не само суштината на идеи и информации изразени, туку исто така и формата во која тие се пренесени.

Oberschlick против Австрија, 1997  

Oberschlick против Австрија, жалба бр. 20834/92, Пресуда 1 јули 1997

Oberschlick, новинар, беше кривично осуден за клевета откако објави статија за висок австриски политичар во која напиша: „За Jörg Haider прво ќе кажам дека тој не е нацист и, второ,дека тој е, сепак, идиот. Тоа ќе го поткрепам со следново (...)“. Австриските судови наложија плаќање на кривична парична казна и заплена на оспореното издание. Европскиот суд за човекови права одлучи дека постои повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58044

Правни резимеа и коментари: http://merlin.obs.coe.int/iris/1997/7/article4.en.html

Судот се согласува дека опишувањето на однесувањето на S.P. како однесување на „мозочен инвалид“ (...), беше навистина екстремно и оправдано може да се смета за навредливо. Сепак, се истакнува дека оспорената забелешка била субјективна проценка, како што е потврдено од страна на Владата. Точно е дека во отсуство на било каква фактичка основа дури и субјективните проценки може да се сметаат за прекумерни. Сепак, во конкретниот случај фактите на кои се засноваше оспорената изјава беа детално опишани; (...) Во контекст на она што се чини дека е интензивна дебата во која мислењата беа изразени со малку воздржаност (...), Судот би ја толкувал оспорената изјава како израз на силно несогласување, дури и непочитување на позицијата на S.P., а не фактичка процена на неговите интелектуални способности. Гледано во овој контекст, описот на говорот и однесувањето на парламентарецот може да се смета како доволна основа за изјавата на авторот. (...) Судот смета дека дури и навредлив јазик, кој може да спадне надвор од заштитата на слободата на изразување, ако неговата единствена намера е да се навреди, може да биде заштитен со член 10 кога служи само во стилски цели. (...) Судот смета дека изјавата не претставува незаслужен личен напад врз S.P. "

Mladina D.D. Ljubliana против Словенија, 2014  

Mladina D.D. Ljubliana против Словенија, жалба бр. 20981/10, Пресуда 17 април 2014

Mladina, неделно информативно списание во Словенија, се жалеше до Европскиот суд за човекови права откако му беше наложено да плати 3.000 евра отштета на политичар. Во контекст на дебатата за правата на ЛГБТ, политичарот дал контроверзни изјави. Неделното издание го прекори политичарот со остри зборови, велејќи, помеѓу другото, дека неговото однесување било „типично однесување на мозочен инвалид кој е среќен што живее во земја со толку ограничен потенцијал на човекови ресурси каде што човек со неговите карактеристики може да дотурка до Парламент, додека во нормална земја која заслужува секаква почит тој не би можел да биде дури ни домар во просечно градско основно училиште“. Европскиот суд за човекови права одлучи во полза на неделното списание, наведувајќи дека имало повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-142424

Правни резимеа и коментари: https://strasbourgobservers.com/2014/05/05/if-you-cant-stand-the-heat-dont-turn-up-the-oven-strasbourg-court-expands-tolerance-for-criticism-of-xenophobia-to-criticism-of-homophobia/

(...) двете статии биле обликувани во особено тешки услови. Меѓутоа, имајќи ја предвид нивната цел и влијанието што треба да го имаат, Судот е на мислење дека користениот јазик не може да се смета за претеран. (...) осудата и казна може да ја обесхрабрат отворената дискусија за прашања од јавен интерес. .

Thorgeirson против Исланд, 1992  

Thorgeirson против Исланд, жалба бр. 13778/88, Пресуда 25 јуни 1992

Г-дин Thorgeirson напиша статија во која повикува на истрага за полициската бруталност. Тој користеше остри изрази како : „диви ѕверови во униформа кои ползат наоколу, тивко или не, во џунглата на ноќниот живот во нашиот град“. Му беше пресудено да плати кривична парична казна за клевета на неодредени припадници на полицијата. По жалбата поднесена од г-дин Thorgeirson Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во негова полза, сметајќи дека ова обвинение претставува повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57795

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Ограничени рестрикции за информации од јавен интерес, објавени со добра намера
„Судот потсетува дека мал е обемот, согласно член 10 став 2, на ограничувања на слободата на изразување во полето на политичкиот говор или дебата – каде слободата на изразување е од најголема важност - или во работите кои се од јавен интерес.

Eon против Франција, 2013  

Eon против Франција, жалба бр. 26118/10, Пресуда 14 март 2013

Во 2013 година, Европскиот суд за човекови права одлучи во полза на активист кој беше кривично осуден за навреда на францускиот претседател Никола Саркози. Г-дин Eon, активистот, држеше плаката која гласеше “Губи се, ти беден никаквецу“ за време на јавната појава на францускиот претседател во 2008 годна. Г-дин Eon беше уапсен а подоцна и осуден на парична казна.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117137 and http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117742

Правни резимеа и коментари:

„(...) надмоќната улога на печатот во една држава управувана со владеењето на правото не смее да се заборави. Иако не смее да ги пречекори различните ограничувања што се ставени, помеѓу другото, заради спречување неред и заштита на угледот на другите, сепак е должен на тоа за да шири информации и идеи за политички прашања и други работи од јавен интерес.“

Castells против Шпанија, 1992  

Castells protiv Španije, Predstavka br. 11798/85, Presuda od 23. aprilaa 1992.

Gosp. Kastels, španski političar, dobio je osuđujući presudu (kaznu zatvora; takođe je diskvalifikovan, na isti vremenski period, u pogledu zauzimanja bilo koje javne funkcije i vršenja profesije i naloženo mu je da plati troškove) zbog oštrih optužbi na račun Vlade. Gospodinu Kastelsu je uskraćeno pravo na dokazivanje istinitosti svojih navoda. Evropski sud za ljudska prava doneo je odluku da je izvršena povreda Člana 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57772

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/castells-v-spain/

„Написите во изданието се интересираа за проблем од јавен интерес: управувањето со државниот имот и начинот на кој што политичарите ги извршуваа своите мандати. (...) Покрај тоа, ​ Судот е свесен за фактот дека новинарската слобода исто така опфаќа можно прибегнување до степен на претерување или дури и провокација. (...) Во конкретниот случај, Судот, како и Комисијата, забележува дека не постои доказ дека описот на настаните дадени во натписите, бил сосема неточен и дека бил дизајниран за да ја подгрее клеветничката кампања (...).“

Dalban против Романија, 1999  

Dalban против Романија, жалба бр. 28114/95, 28 септември 1999

Далбан, новинар, беше обвинет за кривична клевета, и доби условна казна, и му беше наложено да плати трошоци како последица на неколку статии кои ги објавил. Спорните статии беа наводи против сенатор и главен извршен директор на земјоделска компанија во државна сопственост. Европскиот суд за човекови права одлучи во полза на новинарот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58306

Правни резимеа и коментари: http://echr.coe.int/Documents/Reports_Recueil_1999-VI.pdf

„Член 10 ги штити „правата на новинарите“ да ги откриваат информациите од општ интерес, под услов да дејствуваат со добра намера и врз точна фактичка основа и да обезбедат сигурни и прецизни информации во согласност со етиката на новинарството ".

Fressoz and Roire против Франција [Голем судски совет], 1999  

Fressoz и Roire против Франција [Голем Совет], жалба бр. 29183/95, Пресуда 21 јануари 1999

Во неговата пресуда во предметот Fressoz и Roire, Европскиот суд за човекови права одлучи дека кривната осуда за поседување копии од даночна документација е повреда на Член 10. Документите биле искористени за објава на статија која содржела детали за зголемувањата на платата на претседателот на автомобилското друштво Peugeot во сатирично неделно списание Le Canard enchaîné.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58906

Правни резимеа и коментари: http://www.echr.coe.int/LibraryDocs/DG2/HRFILES/DG2-EN-HRFILES-18(2007).pdf

„Во ситуации каде од една страна е дадена изјава за фактите а недоволни докази се изведени за да ја поткрепат, и од друга страна новинарот дискутира за прашање од јавен интерес, од најголемо значење е да се потврди дали новинарот дејствувал професионално и со добра намера“.

Ghiulfer Predescu против Романија, 2017  

Ghiulfer Predescu против Романија, жалба бр. 29751/09, Пресуда 27 јуни 2017

Predescu е романска новинарка која искажала, на ТВ емисии, мислења за локалниот градоначалник, велејќи дека тој имал врски со подземните бизниси во градот. Градоначалникот ја тужел и, за време на граѓанската парница, новинарката не можела да обезбеди јасна фактичка основа за нејзините наводи. Predescu се жалела до Европскиот суд за човекови права, кој одлучил дека нејзините изјави претставуваат мислење, објавени се со добра намера и имаат разумна фактичка основа. Земајќи го во предвид и високиот износ на отштетата која била доделена, постои повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-174614

Правни резимеа и коментари: http://merlin.obs.coe.int/iris/2017/8/article2.en.html

Санкционирачките мерки кои се преземаат мора да бидат пропорционални
„(...) иако изречената казна на авторот директно речено не го спречува да се изрази самиот, без разлика тоа резултираше со еден вид на цензура, која најверојатно ќе го обесхрабри во иднина да критикува (...) [...] Од различните горенаведени забелешки произлегува дека мешањето во остварувањето на правото на г. Lingens да ја користи својата слобода на изразување не била „потребна во демократско општество... за заштита на угледот ... на другите“, била непропорционална со легитимната цел која се сакало да се постигне. Со оглед на тоа имало повреда на член 10 (чл.10) од Конвенцијата.“

Lingens против Австрија, 1986  

Lingens против Австрија, жалба бр. 9815/82, Пресуда 8 јули 1986

Г-дин Lingens, австриски новинар, успешно се жалеше до Европскиот суд за човекови права откако беше кривично осуден за клевета. Осудата на новинарот беше донесена откако тој остро го критикуваше, во своите статии, пензионираниот Канцелар на Австрија. Тој употребил зборови како „најгруб опортунизам“, „неморално“, и „недостоинствено“ за да го опише однесувањето на политичарот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57523

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/lingens-v-austria/

Високата отштета за претрпен стрес може да биде непропорционална
„имајќи ја во предвид големината 13 на доделената отштета во случајот на жалителот, во врска со недостаток на соодветна и ефективна заштита во даденото време наспроти непропорционално големата пресуда, Судот смета дека имало повреда на правото на жалителот по член 10 од Конвенцијата“. .

Tolstoy Miloslavsky против Овединетото Кралство, 1995  

Tolstoy Miloslavsky против Обединетото Кралство, жалба бр. 18139/91, Пресуда 13 јули 1995

На г-дин Miloslavsky му било наложено да плати отштета во граѓанска постапка по објавувањето на флаер за јавно лице. Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека износот на оштетата за клевета (во износ од 1.5 милиони фунти) претставува повреда на неговото право на слобода на изразување кое е загарантирано во Член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57947

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10202

„... Судот повторува дека, според Конвенцијата, доделувањето на отштета за клевета мора да биде во разумен пропорционален сооднос со претрпената повреда на угледот. (...). Судот забележува дека износот кој на жалителот му било наложено да го плати бил екстремно висок. Според тоа, по мислење на Судот, тоа може да има обесхрабрувачки, разубедувачки ефект врз слободата на изразување на жалителот. "

Ghiulfer Predescu против Романија, 2017  

Ghiulfer Predescu против Романија, жалба бр. 29751/09, Пресуда 27 јуни 2017

Predescu е романска новинарка која искажала, на ТВ емисии, мислења за локалниот градоначалник, велејќи дека тој имал врски со подземните бизниси во градот. Градоначалникот ја тужел и, за време на граѓанската парница, новинарката не можела да обезбеди јасна фактичка основа за нејзините наводи. Predescu се жалела до Европскиот суд за човекови права, кој одлучил дека нејзините изјави претставуваат мислење, објавени се со добра намера и имаат разумна фактичка основа. Земајќи го во предвид и високиот износ на отштетата која била доделена, постои повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-174614

Правни резимеа и коментари: http://merlin.obs.coe.int/iris/2017/8/article2.en.html

Обврски и одговорности-онлајн и офлајн

Како што е наведено во став 2 од член 10, остварувањето на слободата на изразување доаѓа со обврски и одговорности. Кога јавно се изразуваме, треба да се дејствува со добра намера, да обезбедиме, колку што е можно, веродостојни и точни информации и да го почитуваме јавниот интерес.

Медиумите и невладините организации (кога се во својство на јавни или општествени чувари) имаат поголема заштита според Конвенцијата, но само кога ги почитуваат горенаведените услови, бидејќи од нив повеќе се очекува во промовирањето на одговорни пораки во јавноста. Заштитата (како и посебните одговорности) се однесува на поединците во овие два типа на организации, имено новинарите и активистите и работниците во невладините организации. Особено од новинарите може да се очекува да ги одржуваат истите професионални должности и обврски, дури и кога објавуваат во свое име.

Секое приватно лице кое јавно се изразува треба да ги почитува истите услови со цел да има корист од заштитните мерки овозможени во член 10, и покрај тоа што очекувањата за обезбедување точни информации се очигледно пониски во нивниот случај. Приватното лице има ограничено средство за верификација на информации, освен изворите кои се јавно и лесно достапни. Истовремено, иако мислењата треба да бидат слободно изразени, се очекува дека тие имаат фактичка основа. Наводите за факти, како, на пример, факти за корупција, треба да се прават претпазливо, бидејќи може да доведат до губење на заштитните мерки од член 10.

Говорот на јавните службеници и припадниците на вооружените сили е заштитен, но и тие мораа да се откажат од некои од нивните права на слободен говор, во интерес на пример на чување на доверливоста на чувствителни па дури и тајни државни информации, одржување на воениот авторитет или дисциплината во полициските сили. Вработените во јавниот сектор имаат „обврска за лојалност, резервираност и дискреција кон нивниот работодавец“ (Guja против Молдавија [Голем судски совет], 2008, ЕСЧП).

Онлајн изразот носи со себе дури повеќе обврски и одговорности, бидејќи карактерот на интернетот обезбедува потенцијално трајно постоење на сите објавени информации и ги прави достапни низ целиот свет. Анализирајќи го ова прашање, ЕСЧП сметаше дека едно известување за покренат судски спор може да биде објавено онлајн веднаш до спорните статии без тоа да биде непропорционално мешање во правото на слобода на изразување. Од друга страна, ЕСЧП сметаше дека обврската за отстранување на статии од интернет, во случаи на клевета, претставува повреда на член 10.

Говорот на омраза, како и поттикнување на насилство, кога е многу веројатно дека насилството може да се случи, не се заштитени со Конвенцијата, бидејќи тие се мешаат со принципите на "забрана за злоупотреба на правата" (член 17 ЕКЧП) и "општата забрана на дискриминација "(Протокол бр. 12 кон ЕКЧП, член 1). Ова пак има силно влијание врз онлајн изразот. Сепак, говорот на омраза треба да се разликува од навредливиот говор (деталите за навредливиот говор се содржани во поглавјето "Уредување на содржината").

ЧЛЕН 17 од Европската конвенција за заштита на човековите права

Забрана за злоупотреба на правата

Ниту една одредба од Конвенцијата не може да се толкува на начин според кој, на некоја држава, група или поединец им е дадено право да преземаат активности или постапки со кои се загрозува некое право или слобода што се признати со оваа Конвенција, или да ги ограничуваат овие права и слободи во мерка поголема од онаа предвидена со Конвенцијата.

ЧЛЕН 1 кон Протоколот бр. 12 од Европската конвенција за заштита на човековите права

Општа забрана за дискриминација

1
Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус.
2
Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.

element cheieКлучни аспекти од релевантните предмети на ЕСЧП:

Дејствувајте со добра намера, обезбедувајте сигурни информации и почитувајте го јавниот интерес

„Круцијалната улога на печатот како чувар во демократското општество била позитивно призната и бранета од страна на овој Суд во огромен корпус на случаи кои се однесуваат на слободата на изразување, во кои беше нагласено не само правото на печатот да пренесува информации, туку исто така и правото на јавноста истите да ги прима. При тоа, Судот одигра значајна улога во поставувањето на основите за принципите кои го утврдуваат слободниот печат во рамките на заедницата на Конвенцијата и пошироко. Меѓутоа, по прв пат Судот е соочен со прашањето како да се помири улогата на весниците во покривање на сторија која е несомнено од јавен интерес, со правото на угледот на група идентификувани приватни лица кои се во центарот на сторијата. Според наше мислење, фактот што во случајот е инволвиран силен јавен интерес не би требало да има за последица ослободување на весниците од основната етика во нивната работа, ниту пак од законите за клевета.
Поради “обврските и одговорностите“ својствени за практикувањето на слободата на изразувањето, заштитата која членот 10 им ја дава на новинарите во врска со известувањето за прашања од општ интерес подлежи на услов тие да дејствуваат “со добра намера“ со цел да обезбедат точна и сигурна информација, согласно новинарската етика...
Според Судот, печатот генерално треба да има право да се потпира на содржината на официјални извештаи без да презема независни истражувања, кога се работи за придонес кон јавна дебата по прашања од легитимна загриженост. Инаку, виталната улога на “јавен чувар“ која печатот ја има, може да биде занемарена.

Bladet Tromsø and Stensaas против Норвешка [Голем судски совет], 1999  

Bladet Tromsø и Stensaas против Норвешка [Голем Судски Совет], жалба бр. 21980/93, Пресуда 20 мај 1999

Весник и неговиот уредник се жалеа до Европскиот суд за човекови права откако им било наложено да платат отштета за клевета, откако објавиле изјави дадени од трето лице во однос на наводни повреди на прописите за лов на фоки. Европскиот суд за човекови права утврди дека постои повреда на Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58369

Правни резимеа и коментари: http://www.echr.coe.int/LibraryDocs/DG2/HRFILES/DG2-EN-HRFILES-18(2007).pdf

„(...) не е јасно дали жалителот имал намера да ги објави овие изјави во неговото својство на новинар кој обезбедува информации во јавноста, или дали тој едноставно ги изразил своите сопствени мислења како обичен граѓанин во текот на интернет дебата. Сепак, јасно е дека, (...) жалителот, кој е популарен новинар, не го криел својот идентитет и дека тој јавно ги пренел своите изјави преку нивно објавување на лесно достапен популарен форум на интернет, медиум кој во модерното време има исто толку моќно влијание како и печатените медиуми. (...) директно обвинување на одредени поединци за посебна форма на недолично однесување повлекува обврска за обезбедување на доволна фактичка основа за такво тврдење (...)“.

Fatullayev против Азербејџан, 2010  

Fatullayev. Против Азербејџан, жалба бр. 40984/07, Пресуда 22 април 2010

Жалителот, уредник на весник, бил гонет во врска со две статии кои ги објавил. Тој бил прогласен за виновен за клевета, закана од тероризам и поттикнување на етнички судири и бил осуден на вкупна затворска казна во времетраење од осум и пол години.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-98401

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-984

Невладините организации се признаени во улога на јавен чувар
„(...) кога невладината организација обрнува внимание на прашањата од јавен интерес, таа е во улога на јавен чувар од слично значење со она на печатот и може да се карактеризира како општествен „чувар“ кој ја гарантира истата заштита според Конвенцијата како онаа која му е доделена на печатот.“ „(...) невладина организација која е во улога на јавен чувар веројатно ќе има поголемо влијание при известувањето за неправилностите на вршителите на јавни функции, и честопати ќе имаат на располагање повеќе средства за верификација и потврда на веродостојноста на критиката отколку во случај на известување од поединец за она што тој лично го забележал.“

Medžlis Islamske Zajednice Brčko и други против Босна и Херцеговина [Голем судски совет], 2017  

Medžlis Islamske Zajednice Brčko and Others против Босна и Херцеговина (Голем Судски Совет), жалба бр. 17224/11, Пресуда 27 јуни 2017

Жалителите се четири невладини организации кои испратиле приватен допис до највисоките окружни власти, искажувајќи ја својата загриженост за назначувањето на директорот на мулти-етничката радио станица. Дописот беше објавен во печатот. Европскиот суд за човекови права одлучи дека локалната одговорност на невладините организации не претставува повреда на правото на слобода на изразување. Покрај субјективните проценки, дописот исто така содржел неточни фактички наводи и невладината организација не направила разумен напор за докажување на нивната вистинитост.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-175180

Правни резимеа и коментари:

Јавни службеници и припадници на вооружени сили- ограничена заштита на говорот
(...) Членот 10 ја штити не само содржината на изразените идеи и информации, туку и формата во која се пренесуваат. Истото важи и кога засегнатите лица се припадници на вооружените сили, бидејќи членот 10 се однесува на нив исто како што се однесува на други лица во јуриздикцијата на државите договорнички. (...) националните власти мора да гарантираат дека диспропорционалните казни не ги одвраќаат претставниците на синдикатот од намерата да ги искажат и одбранат интересите на своите членови (...).

Szima против Унгарија, 2012

Szima против Унгарија, жалба бр. 29723/11, Пресуда 9 октомври 2012

Жалителката, пензиониран виш полициски службеник, била претседател на полицискиот синдикат. Во ова својство таа објавила статии на веб страницата на синдикатот, која исто така ја уредувала и координирала. Објавите се однесуваа на теми како што се неисплатените надоместоци на полицискиот персонал, наводен непотизам и несоодветно полициско влијание внатре во силите, како и сомнителни квалификации на вишиот полициски персонал. Таа била прогласена за виновна за поттикнување на непослушност, и била осудена на парична казна и деградирање. Судот одлучи дека мешањето во слободата на изразување на Жалителот е пропорционално и според тоа во согласност со Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-113386

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7254

„(...) Судот ќе го разгледа степенот до кој може да се ограничи правото на слобода на изразување на припадник на полицијата, со цел да се спречи безредие во полицијата, хиерархиски организирано тело каде што дисциплината е од клучно значење за спроведување на нејзините функции. (...) Судот забележува дека, со влегување во полиција, жалителот требало да биде свесен за ограничувањата што се однесуваат на вработените во остварувањето на нивните права.

Szima против Унгарија, 2012  

Szima против Унгарија, жалба бр. 29723/11, Пресуда 9 октомври 2012

Жалителката, пензиониран виш полициски службеник, била претседател на полицискиот синдикат. Во ова својство таа објавила статии на веб страницата на синдикатот, која исто така ја уредувала и координирала. Објавите се однесуваа на теми како што се неисплатените надоместоци на полицискиот персонал, наводен непотизам и несоодветно полициско влијание внатре во силите, како и сомнителни квалификации на вишиот полициски персонал. Таа била прогласена за виновна за поттикнување на непослушност, и била осудена на парична казна и деградирање. Судот одлучи дека мешањето во слободата на изразување на Жалителот е пропорционално и според тоа во согласност со Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-113386

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7254

„Членот 10 се применува и за работното место, а државните службеници, како и жалителот, имаат право на слобода на изразување (...) Судот е свесен дека вработените имаат обврска за лојалност, резервираност и дискреција кон работодавачот. (...) Понатаму, од аспект на самиот карактер на нивната положба, државните службеници често имаат пристап до информации кои владата, од различни легитимни причини, има интерес да ги чува во тајност како доверливи или строго доверливи. Од тие причини, обврската за дискреција на државните службеници генерално е исто така голема.

Guja против Молдавија [Голем судски совет], 2008  

Guja против Молдавија (Голем судски совет), жалба бр. 14277/04, Пресуда 12 февруари 2008

Во случај каде Европскиот суд за човекови права одлучи дека постои повреда на правото на слобода на изразување на јавен службеник, кој е отпуштен после објавување на информации во однос на обидите од страна на високи политичари да влијаат врз судството, Судот утврди критериуми кои треба да се користат во проценката на пропорционалноста на мешањето во слободата на изразување на јавен службеник.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/sites/eng/pages/search.aspx?i=001-85016

Правни резимеа и коментари:

Интернет архивите имаат значајна улога во рамки на слободата на изразување
„Во поглед на достапноста и капацитетот за складирање и соопштување на огромни количини на информации, интернетот игра важна улога во подобрувањето на пристапот на јавноста до вести и го олеснува ширењето на информациите воопшто. Одржувањето на интернет-архивите е клучен аспект на оваа улога.“

Times Newspapers Limited против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), 2009  

Times Newspapers Limited против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), Жалби бр. 3002/03 и 23676/03, Пресуда 10 март 2009

Европскиот суд за човекови права одлучи дека немало непропорционално мешање во слободата на печатот согласно Член 10 од Европската конвенција за човекови права кога на весникот му било наложено од страна на судовите да објави известување во неговите интернет архиви во кое објавува дека две статии се предмет на судска постапка за клевета и не смеат да се умножуваат ниту користат без консултација со неговиот правен оддел.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-91706

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-1623

Ажурирањето на статија, кое е наложено со судска одлука, во интернет-архива, може да биде прифатливо мешање во слободата на изразување
„(...) иако примарната функција на печатот во демократијата е да дејствува како „јавен чувар ", таа има важна споредна улога во одржувањето и ставањето на располагање на јавните архиви кои содржат вести кои претходно биле пријавени. Меѓутоа, маргината на уважување што им се дава на државите во зачувувањето на рамнотежата помеѓу конкурентските права, најверојатно, ќе биде поголема кога станува збор за вести кои известуваат за минати настани, во споредба со вестите кои известуваат за тековни настани. Особено, обврската на печатот да делува во согласност со принципите на одговорно новинарство преку обезбедување на точноста на објавените историски а не минливи информации, веројатно ќе биде построга во отсуство на итност во објавувањето на материјалот.
(...) Судот (...) смета дека, условот за објавување на соодветна квалификација за статијата содржана во интернет архивата, во случај кога весникот бил информиран за покренување на тужба за клевета во однос на истата статија објавена во писмениот печат, не може да се смета за непропорционално мешање во слободата на изразување.

Times Newspapers Limited против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), 10 март 2009  

Times Newspapers Limited против Обединетото Кралство (бр. 1 и 2), Жалби бр. 3002/03 и 23676/03, Пресуда 10 март 2009

Европскиот суд за човекови права одлучи дека немало непропорционално мешање во слободата на печатот согласно Член 10 од Европската конвенција за човекови права кога на весникот му било наложено од страна на судовите да објави известување во неговите интернет архиви во кое објавува дека две статии се предмет на судска постапка за клевета и не смеат да се умножуваат ниту користат без консултација со неговиот правен оддел.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-91706

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-1623

Отстранувањето на статии од интернет архивите може да претставува повреда на слободата на изразување
Судот понатаму го истакнува заклучокот на Регионалниот суд во Варшава дека статијата за која станува збор е објавена во печатеното издание на весникот. Тој суд го изразува ставот дека не е работа на судовите да наложат да се избрише статијата како никогаш да не постоела. Судот прифаќа дека улогата на правосудните органи не е да се вклучат во повторно пишување на историјата преку наложување на отстранување од јавниот домен на сите траги на публикации за кои во минатото било одлучено со конечни судски одлуки дека претставуваат неоправдани напади врз угледите на поединци. Понатаму, релевантно е за проценката на случајот дека легитимниот интерес на јавноста во пристапот до јавните интернет-архиви на печатот е заштитен со член 10 од Конвенцијата.
Судот смета дека наводните повреди на правата заштитени со член 8 од Конвенцијата треба да се надоместат со соодветни правни лекови кои се достапни според домашното право. Во овој поглед, вреди да се спомене дека во конкретниот случај Апелациониот суд во Варшава истакнал дека би било пожелно да се додаде коментар на статијата на веб страната со кој ќе се информира јавноста за исходот од граѓанската постапка во која судовите го задоволиле барањето на жалителите за заштита на нивните лични права. Затоа, Судот е задоволен што домашните судови биле свесни за значењето кое публикациите достапни на широката јавност на Интернет би можеле да го имаат за ефикасна заштита на правата на поединците. Покрај тоа, судовите покажаа дека ја процениле вредноста на достапноста на целосни информации за судските одлуки во врска со статијата на веб-страницата на весникот за ефикасна заштита на правата и угледот на жалителот. "

Węgrzynowski and Smolczewski против Полска, 2013  

Węgrzynowski and Smolczewski против Полска, жалба бр. 33846/07, Пресуда 16 July 2013

Европскиот суд за човекови права одлучи дека одбивањето на домашните судови да му наложат на весникот да отстрани статија која му штети на реномето на Жалителите, од неговата интернет архива, не претставува повреда на правото на приватност, бидејќи има рамнотежа помеѓу правата заштитени со Член 8 и Член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-122365

Правни резимеа и коментари:

Говор на омраза како поттикнување на насилство- незаштитен говор
„(...) изрекувањето на затворска казна за прекршок од страна на печатот ќе биде во согласност со слободата на изразување на новинарите како што е загарантирано со член 10 од Конвенцијата само во исклучителни околности, особено кога другите основни права се сериозно нарушени, како на пример , во случаи на говор на омраза или поттикнување на насилство.“

Fatullayev против Азербејџан, 2010  

Fatullayev. Против Азербејџан, жалба бр. 40984/07, Пресуда 22 април 2010

Жалителот, уредник на весник, бил гонет во врска со две статии кои ги објавил. Тој бил прогласен за виновен за клевета, закана од тероризам и поттикнување на етнички судири и бил осуден на вкупна затворска казна во времетраење од осум и пол години.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-98401

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-984

„оспорените коментари во овој случај, како што било проценето од Врховниот суд, главно претставувале говор на омраза и говор кој директно се залагал за акти на насилство. Оттука, утврдувањето на нивната незаконска природа не барало никаква јазична или законска анализа, бидејќи забелешките на прв поглед биле очигледно незаконски.“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

Посредна одговорност за интернет услугите

Една од клучните улоги на актерите на интернет е развиена од интернет сервисите, наречени посредници кои директно не создаваат онлајн содржини, туку ги обработуваат на разни начини, а со тоа станаа филтри за она што се објавува на интернет.

Ако размислуваме за моментално најпопуларните интернет сервиси - како што се Facebook, Google, Twitter, Instagram или Youtube- сите тие се базираат на хостинг и објавување на информации произведени од страна на други интернет корисници (содржина генерирана од корисниците), затоа тие обично се нарекуваат „интернет посредници“. .

Но, опсегот на интернет посредници не е само многу разновиден, туку и брзо се менува - како во однос на активноста и големината на интернет пазарот, така и во однос на нивните услуги, функции или бизнис модели. Меѓутоа, во некои делови од пазарот доминираат еден или два многу големи играчи, што може да ги стави во позиција да имаат контрола врз комуникацијата, што создава дополнителни предизвици како резултат на нивните дејства во врска со човековите права воопшто а посебно во врска со слободата на изразување.

„Судот прифаќа дека YouTube е уникатна платформа со оглед на нејзините карактеристики, нејзиното ниво на достапност и особено на нејзиното потенцијално влијание, и за неа не постојат замени кои им се достапни на жалителите.“

Cengiz и други против Турција, 2015  

Cengiz и други против Турција, Жалби бр. 48226/10 и 14227/11, Пресуда 1 декември 2015

Во мај 2008 година судот во Анкара одлучи дека содржината на десет страници на веб-страницата на YouTube ја прекршила забраната за навреда на сеќавањето на Ататурк и затоа издал налог за блокирање на целата веб-страница. Жалителите, кои биле активни корисници на веб-страницата, поднеле жалба против таа одлука. Нивната жалба била одбиена врз основа на тоа што тие не биле страни во истражната постапка и затоа немале можност да го оспорат налогот за блокирање. Жалителите се жалеа дека неможноста за пристап до YouTube - платформа која тие во голем степен ја користеле во нивната академска работа - го прекршила правото да примаат и да пренесуваат информации и идеи. Судот одлучи дека налогот за блокирање го прекршил правото на жалителите на слобода на изразување според член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-159188

Правни резимеа и коментари:

Освен тоа, интернет посредниците усвоија свои сопствени правила - обично познати како услови - за користење на платформата, кои вклучуваат политики за содржината, но исто така и правила за нејзино блокирање или отстранување. Во изминатите години, овие правила постојано доаѓаат во конфликт со активностите на корисниците на интернет, кои ја опишаа дејноста на овие посредници како мерки за цензура - покренувајќи прашања во врска со новите системи на приватизирани модели за спроведување на законот, кои беа воспоставени. 14

Во овој контекст, улогата на интернет посредниците станува сé покомплексна, растргната меѓу нивните сегашни бизнис модели, почитување на човековите права и примање поплаки во врска со многу различни прашања, измешани со различни законски обврски, кои се разликуваат од една јуриздикција до друга.

Иако судската пракса на ЕСЧП во врска со ова прашање се уште е на почетокот (и сите предмети се фокусираат само на одредена ситуација-коментари оставени од други корисници на други веб страници), вреди да се истакне работата на Комитетот на експерти на Советот на Европа за интернет посредници 15 кои подготвија предлози за поставување на стандарди за улогите и одговорностите на интернет посредниците, вклучително истражување за димензиите на човековите права во врска со техники за автоматизирана обработка на податоци (особено алгоритами) и можни регулаторни импликации.

Клучни аспекти од релевантните предмети на ЕСЧП:

Онлајн платформите имаат обврски и одговорности за слободата на изразувањето, но нивната улога се разликува од онаа на традиционалниот издавач
„Во неодамнешната Препорака на Комитетот на министри до земјите-членки на Советот на Европа за новиот концепт за медиумите тој е формулиран како „пристап од различен вид и на различни нивоа [кој] бара секој чинител чии услуги се идентификувани како медиум или како посредничка или помошна активност да има корист и од соодветната форма (од различен вид) и од соодветното ниво (различни нивоа) на заштита и дека одговорноста исто така е ограничена на придржување на членот 10 од Европската конвенцијата за човекови права и други релевантни стандарди развиени од Советот на Европа. Затоа, Судот смета дека заради посебната природа на интернетот, „обврските и одговорностите“ кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите на членот 10 можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач, што се однесува до содржината на трета страна.“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

Комерцијалниот карактер и јавното влијание/публиката на посредниците мора да се земе во предвид
„Судот смета дека случајот се однесува на „обврски и одговорности“ на информативни интернет портали, согласно членот 10 § 2 од Конвенцијата, кога тие заради економски цели нудат платформа за коментари генерирани од корисници за претходно објавена содржина и некои корисници – било да се идентификувани или анонимни – се впуштаат во јасно незаконски говор, кој ги крши личните права на другите и достигнува ниво на говор на омраза и поттикнување на насилство против нив. ​ Судот нагласува дека актуелниот случај е поврзан со голем професионално раководен информативен интернет портал на комерцијална основа кој самиот објавил новински написи и ги повикал своите читатели да коментираат за нив.“

„Соодветно на тоа, предметот не се однесува на други форуми на интернет каде можат да бидат изнесени коментари од трето лице, на пример форуми за дискусија на интернет или огласни табли каде корисниците можат слободно да ги изнесат своите идеи за секаква тема без дискусијата да се насочува од раководителот на форумот; или платформа за социјални медиуми каде провајдерот на платформа не нуди никаква содржина и каде провајдерот на содржина може да биде приватно лице кое има веб страница или блог како хоби.“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

„вториот жалител е сопственик на голем информативен интернет портал на кој мора да се смета дека има економски интерес, првиот жалител е непрофитно саморегулаторно тело на даватели на интернет услуги, за кого не е познато дека има такви интереси.“

MTE and Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

„Судот му придава значење на фактот дека здружението е мало непрофитно здружение, кое и е непознато на пошироката јавност, и затоа не е веројатно дека би привлекло голем број на коментари или дека коментарот за жалителот би било прочитано од голем број на читатели.“

Pihl против Шведска, 2017  

Pihl против Шведска, жалба бр. 74742/14, Одлука 7 февруари 2017

Предметот произлезе од блог и коментар кои се појавија на веб страницата на мала непрофитна организација и претставуваше клевета против г-дин Pihl. Откако г-дин Pihl доставил известување, организацијата ја отстрани спорната објава на блогот и коментарот, ја призна нивната невистинитост, и му се извини на г-дин Pihl. Г-дин Pihl подоцна поднесе тужба за клевета против организацијата, но истата беше неуспешна пред домашните судови. Неговата жалба пред Европскиот суд за човекови права се засноваше на фактот дека е извршена повреда на неговото право на приватен живот согласно Член 8 од Европската конвенција како резултат на неспособноста на шведските судови да ја прогласат организацијата одговорна за содржина за трето лице. По проценката на рамнотежата помеѓу правата загарантирани со Член 8 и 10 според критериумите на Delfi AS, Судот ја одби жалбата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-172145

Правни резимеа и коментари:

Карактерот на материјалот кој мора да се отстрани мора да се земе во предвид
„оспорените коментари во овој случај, како што било проценето од Врховниот суд, главно претставувале говор на омраза и говор кој директно се залагал за акти на насилство. Оттука, утврдувањето на нивната незаконска природа не барало никаква јазична или законска анализа, бидејќи забелешките на прв поглед биле очигледно незаконски“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

„Понатаму, изразите користени во коментарите беа навредливи, а еден од нив апсолутно вулгарен. Како што Судот претходно одлучи, навредата може да спадне надвор од заштитата на слободата на изразување ако претставуваат неоправдано омаловажување, на пример кога единствената намера на навредливата изјава е да навреди; но користењето на вулгарни фрази самото по себе не е одлучувачко за проценката на навредлив израз. За Судот, стилот претставува дел од комуникацијата како форма на изразување и како таков е заштитен заедно со содржината на изразувањето.
За Судот, изразите користени во коментарите, иако припаѓаат на низок стил на изразување, се чести во комуникацијата на многу интернет портали- став кој го намалува влијанието кое може да им се припише на таквите изрази.“

MTE and Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

„Судот смета дека коментарот, иако е навредлив, секако не претставува говор на омраза или поттикнување насилство“

Pihl против Шведска, 2017  

Pihl против Шведска, жалба бр. 74742/14, Одлука 7 февруари 2017

Предметот произлезе од блог и коментар кои се појавија на веб страницата на мала непрофитна организација и претставуваше клевета против г-дин Pihl. Откако г-дин Pihl доставил известување, организацијата ја отстрани спорната објава на блогот и коментарот, ја призна нивната невистинитост, и му се извини на г-дин Pihl. Г-дин Pihl подоцна поднесе тужба за клевета против организацијата, но истата беше неуспешна пред домашните судови. Неговата жалба пред Европскиот суд за човекови права се засноваше на фактот дека е извршена повреда на неговото право на приватен живот согласно Член 8 од Европската конвенција како резултат на неспособноста на шведските судови да ја прогласат организацијата одговорна за содржина за трето лице. По проценката на рамнотежата помеѓу правата загарантирани со Член 8 и 10 според критериумите на Delfi AS, Судот ја одби жалбата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-172145

Правни резимеа и коментари:

Критериумите кои мора да се разгледаат за да се разликуваат одговорностите за онлајн посредниците во однос на слободата на изразување:

а. контекстот на коментарите
„Судот смета дека било доволно утврдено од страна на Врховниот суд дека инволвираноста на компанијата-жалител во објавувањето на коментарите за нејзините новински написи на информативниот портал Делфи била повеќе од таа на пасивен провајдер на чисто техничка услуга.“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

„Затоа, Судот е задоволен што коментарите кои ги предизвикала статијата може да се смета дека се однесуваат на прашање од јавен интерес. Понатаму, во овој контекст, статијата не може да се смета дека е без фактичка основа или дека провоцира незаслужени навредливи коментари.“

MTE and Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

„Судот смета дека коментарот за жалителот не ги засегал неговите политички гледишта и не се однесувал на содржината на објавата на блогот. Затоа тоа тешко би можел да се предвиди од страна на здружението.“

Pihl против Шведска, 2017  

Pihl против Шведска, жалба бр. 74742/14, Одлука 7 февруари 2017

Предметот произлезе од блог и коментар кои се појавија на веб страницата на мала непрофитна организација и претставуваше клевета против г-дин Pihl. Откако г-дин Pihl доставил известување, организацијата ја отстрани спорната објава на блогот и коментарот, ја призна нивната невистинитост, и му се извини на г-дин Pihl. Г-дин Pihl подоцна поднесе тужба за клевета против организацијата, но истата беше неуспешна пред домашните судови. Неговата жалба пред Европскиот суд за човекови права се засноваше на фактот дека е извршена повреда на неговото право на приватен живот согласно Член 8 од Европската конвенција како резултат на неспособноста на шведските судови да ја прогласат организацијата одговорна за содржина за трето лице. По проценката на рамнотежата помеѓу правата загарантирани со Член 8 и 10 според критериумите на Delfi AS, Судот ја одби жалбата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-172145

Правни резимеа и коментари:

б. Мерките кои ги применува компанијата-жалитет со цел да спречи или отстрани погрдни коментари
„Доколку бил проследен од ефективни процедури кои дозволувале брз одговор, овој систем според гледиштето на Судот можел да функционира во многу случаи како соодветна алатка за балансирање на правата и интересите на сите засегнати страни. Меѓутоа, во случаи како што е овој, кога коментарите на трета страна корисник се во форма на говор на омраза и директни закани по физичкиот интегритет на лицата, (...), Судот смета дека правата и интересите на другите и на општеството како целина може да им даде право на земјите договорнички да им наметнат одговорност на информативните интернет портали без да се прекрши членот 10 од Конвенцијата, доколку не успеат да преземат мерки за отстранување на јасно незаконски коментари без одлагање, дури и без известување од наводна жртва или од трети страни.“

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

в. одговорноста на вистинските автори на коментарите како алтернатива за одговорноста на посредниците; анонимноста мора да се почитува
„Во врска со прашањето дали одговорноста на вистинските автори на коментарите може да послужи како разумна алтернатива за одговорноста на информативниот интернет портал во случај како овој, Судот е свесен за интересот на корисниците на интернет да не им се обелодени идентитетот. Анонимноста од дамна е средство за избегнување на одмазди или несакано внимание. Како таква таа е способна да промовира значително слободен проток на идеи и информации, вклучително секако и на интернет.

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

г. Последиците од домашната постапка за друштвото-жалител
„Судот исто така забележува дека не се чини дека компанијата-жалител морала да го смени својот бизнис модел како резултат на домашните постапки. Според достапните информации, информативниот портал Делфи продолжил да биде една од најголемите интернет публикации во Естонија и секако најпопуларен за објавување на коментари, чиј број продолжил да расте. Анонимните коментари - кои сега постојат напоредно со можноста за поставување на регистрирани коментари кои и најпрво им се прикажуваат на читателите - сè уште се доминантни и компанијата-жалител има формирано тим на модератори кои вршат последователна контрола на поставените коментари на порталот . Во овие околности, Судот не може да заклучи дека попречувањето на слободата на изразување на компанијата-жалител било несразмерно ниту по тој основ.

Delfi AS против Естонија [Голем судски совет], 2015  

Delfi AS против Естонија (Голем Судски Совет), жалба бр. 64569/09, Пресуда 16 јуни 2015

Компанијата жалител поседувала еден од најголемите интернет портали во Естонија. Во 2006 година, откако објавила статија на порталот за фериботска компанија, голем број на коментари кои содржеле лични закани и навредлив јазик упатени кон сопственикот на фериботската компанија биле објавени во статијата. Delfi AS ги отстрани навредливите коментари, на барање на адвокатите на сопственикот на фериботската компанија, околу шест недели по нивното објавување. Беше покрената постапка за клевета против компанијата жалител, на која на крајот и беше наложено да плати 320 евра отштета. Препознавајќи ја „значајната корист која може да се извлече Интернетот во остварувањето на слободата на изразување“, Судот потврди дека не постои повреда на Член 10 и „одговорноста за клевета или други видови на незаконски говор, во принцип, мора да се задржи и претставува ефективен правен лек за повредите на правата на приватност“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-155105

Правни резимеа и коментари:

„Судот смета дека одлучувачкото прашање при проценка на последицата за жалителите не е отсуството на отштети кои треба да се платат, туку начинот на кој интернет портали како нивните можат да сносат одговорност за коментари од трети лица. Ваквата одговорност може да има предвидливи негативни последици врз околностите за коментирање на интернет порталот, на пример со тоа што ќе го принуди целосно да го затвори просторот за коментари. За судот, овие последици може да имаат, директно или индиректно, обесхрабрувачки ефект врз слободата на изразување на интернет. Овој ефект може да биде особено штетен за некомерцијална веб-страница како што е првиот жалител.

MTE and Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

Дополнително имаше неколку одлуки на Европскиот суд на правдата кои главно се фокусираат на разјаснување на различни услуги ако истите се квалификуваат за режимот на посредничка одговорност како што е предвидено во член 12 до 14 од Директивата на ЕЗ 2000/31/ЕЗ.

Правото на информирање

Правото на информирање е дел од правото на слобода на изразување како право на пристап до релевантни информации кои ни овозможуваат да продолжиме со развивање и формирање на мислења и идеи.

ЧЛЕН 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права

Слобода на изразување

... Ова право ги опфаќа слободата ....... на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите.

Пристапот до информациите од јавен интерес (кој им овозможува на граѓаните да бидат информирани за активноста на јавните тела), е мал, но значаен дел од правото на пристап до информации, и на него се гледа како средство со кое граѓаните ќе бидат информирани за активностите на државите, а со тоа средство за обезбедување на демократијата.

Постојат неколку европски устави кои содржат право на информирање, и како човеково право и како општо право на пристап до информации од јавен интерес, како за поединци, така и за различни видови на организации.

Исто така постојат и посебни закони со кои се утврдуваат условите за пристап до информации од јавен интерес и обврските на државните органи за доставување на такви информации, дури и без барање на граѓанинот или друга заинтересирана страна. Овие закони содржат дефиниции и списоци на она што претставува информации од јавен интерес, институции кои се заобиколени од законот и средства за правни лекови во случај на одбивање на такви информации.

Во својата судска пракса ЕСЧП има развиено четири гранични критериуми за проценка дали одбивањето на пристап до информациите во сопственост на државата го засега член 10 од Конвенцијата (деталите се наведени подолу).

Исто така, Судот изјави дека националните власти не треба да го обесхрабруваат правото преку мерки што го ограничуваат пристапот до информации од јавен интерес, поточно со дозволување на "произволни ограничувања кои можат да станат форма на индиректна цензура доколку властите создадат пречки за собирање информации". (TASZ против Унгарија, 2009). Таков може да биде случајот со разузнавачките агенции. Судот рече дека тие можат да бидат предмет на истите одредби во врска со пристапот до информации како и секое друго јавно тело (Иницијатива на младински организации за човекови права против Србија, 2013). Исто така, Судот го вклучи интернетот меѓу заштитените средства за пристап до информации.

element cheieКлучни аспекти од релевантните предмети на ЕСЧП:

Дефиниција на слободата за примање информации

„(...) правото да прима и пренесува информации експлицитно претставува дел од правото на слобода на изразување според член 10. Тоа право во основа и забранува на Владата да го ограничи лицето во примањето на информации кои другите сакаат или имаат намера да му ги пренесат.

TASZ против Унгарија, 2009, цитат од Leander против Шведска, 1987  

Társaság a Szabadságjogokért против Унгарија ("TASZ против Унгарија”), жалба бр. 37374/05, Пресуда 14 јули 2009

Во предметот на TASZ (Унгарска унија за граѓански слободи) против Унгарија, Европскиот суд за човекови права мораше да одлучи дали одбивањето пристап до документот кој се наоѓа кај Унгарскиот уставен суд претставува повреда на правото на организацијата за пристап до информации, како што е наведено во член 10 од Конвенцијата.

Документот, до кој унгарската Унија за граѓански слободи бараше пристап, беше жалба поднесена од пратеникот во Уставниот суд (барање за уставно преиспитување на некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваа на прекршоците поврзани со дроги). На унгарската Унија за граѓански слободи и беше потребен пристап до оваа жалба поради нејзиниот интерес за политиките поврзани со дроги. Уставниот суд го негираше пристапот на Унгарската унија за граѓански слободи до документот, без да се консултира со пратеникот, објаснувајќи дека жалбата поднесена пред судот не може да биде ставена на располагање на надворешни лица без согласност на нејзиниот автор. Унгарската унија за граѓански слободи поднесе тужба против Уставниот суд, но домашните судови пресудиле против невладината организација, со оглед на тоа што жалбата на пратеникот содржи некои "податоци", а тие податоци биле "лични" и не можеле да се добијат без одобрение на авторот . Европскиот суд за човекови права донесе одлука во корист на Унгарската унија за граѓански слободи, имајќи предвид дека има повреда на член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-92171

Правни резимеа и коментари:

Четири гранични критериуми за проценка дали слободата на изразување е повредена од страна на државата која не ги обезбедила побараните јавни информации

a) Целта на ова барање за информации (придонес за јавна дебата)

„(...) Судот стави акцент на тоа дали собирањето на информации бил релевантен подготвителен чекор во новинарските активности или во другите активности кои креирале форум за, или го сочинувале суштинскиот елемент за, јавна дебата (...). За Судот, пристапот до информации би се сметал за неопходен доколку неговото одбивање би го попречило или спречило лицето во остварувањето на неговото право на слобода на изразување (...), вклучително слободата „да прима и пренесува информации и идеи“ , на начин кој е во согласност со таквите „обврски и одговорности“ како што може да следува од став 2 од член 10.“

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

б) Карактерот на бараните информации (мора да бидат информации од јавен интерес)

"Судот смета дека информациите, податоците или документите до кои се бара пристап, генерално, мора да го поминуваат тестот за јавен интерес, со цел да се наложи потребата за соопштување според Конвенцијата. Таквата потреба може да постои кога, меѓу другото, откривањето обезбедува транспарентност за начинот на спроведување на јавните работи и за прашања од интерес за општеството како целина, а со тоа овозможува учество во јавното управување од страна на јавноста во целост.

Судот нагласи дека дефиницијата за она што може да претставува предмет од јавен интерес ќе зависи од околностите на секој случај. Јавниот интерес се однесува на прашања што ја засегаат јавноста до тој степен што може легитимно да се интересира за нив, кои го привлекуваат нејзиното внимание или што се однесуваат на неа до значителен степен, особено со тоа што тие влијаат врз благосостојбата на граѓаните или животот на заедницата. Ова исто така важи во однос на прашања кои се способни да предизвикаат значителна контроверзност, кои се однесуваат на важно општествено прашање или кои вклучуваат проблем за кој јавноста ќе има интерес да биде информирана. Јавниот интерес не може да се сведува на жедта на јавноста за информации за приватниот живот на другите, или за желбата на публиката за сензационализам или дури и воајеризам. За да се утврди дали објавата се однесува на предмет од општо значење, неопходно е да се процени објавата во целина, имајќи го во предвид контекстот во кој се појавува. "

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

в) улогата на жалителот (општествени чувари- вклучително блогери и корисници на социјалните медиуми):

„(...) при проценката дали тужената Земја се вмешала во правата на жалителот по член 10 со одбивање на пристап до одредени документи, Судот претходно и придаде одредена важност на улогата на жалителот како новинар (...) или како општествен чувар или невладина организација чии активности се поврзани со прашања од јавен интерес (...).

Иако членот 10 ја гарантира слободата на изразување на "сите", практиката на Судот е да ја признае суштинската улога што ја има печатот во едно демократско општество (...). "

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

"Функцијата на печатот вклучува создавање на форуми за јавна дебата. Меѓутоа, реализацијата на оваа функција не е ограничена само на медиумите или професионалните новинари. Во конкретниот случај, подготовката на форумот за јавна дебата беше спроведена од невладина организација. Затоа, целта на активностите на жалителот може да се смета дека е суштински елемент на информирана јавна дебата. Судот во неколку наврати го призна важниот придонес на граѓанското општество во дискусијата за јавните работи (...)."

TASZ против Унгарија, 2009  

Társaság a Szabadságjogokért против Унгарија ("TASZ против Унгарија”), жалба бр. 37374/05, Пресуда 14 јули 2009

Во предметот на TASZ (Унгарска унија за граѓански слободи) против Унгарија, Европскиот суд за човекови права мораше да одлучи дали одбивањето пристап до документот кој се наоѓа кај Унгарскиот уставен суд претставува повреда на правото на организацијата за пристап до информации, како што е наведено во член 10 од Конвенцијата.

Документот, до кој унгарската Унија за граѓански слободи бараше пристап, беше жалба поднесена од пратеникот во Уставниот суд (барање за уставно преиспитување на некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваа на прекршоците поврзани со дроги). На унгарската Унија за граѓански слободи и беше потребен пристап до оваа жалба поради нејзиниот интерес за политиките поврзани со дроги. Уставниот суд го негираше пристапот на Унгарската унија за граѓански слободи до документот, без да се консултира со пратеникот, објаснувајќи дека жалбата поднесена пред судот не може да биде ставена на располагање на надворешни лица без согласност на нејзиниот автор. Унгарската унија за граѓански слободи поднесе тужба против Уставниот суд, но домашните судови пресудиле против невладината организација, со оглед на тоа што жалбата на пратеникот содржи некои "податоци", а тие податоци биле "лични" и не можеле да се добијат без одобрение на авторот . Европскиот суд за човекови права донесе одлука во корист на Унгарската унија за граѓански слободи, имајќи предвид дека има повреда на член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-92171

Правни резимеа и коментари:

"(...) функцијата за создавање форуми за јавна дебата не е ограничена само на печатот. Оваа функција може да ја вршат и невладини организации, чии активности се суштински елемент на информирана јавна дебата. Затоа, Судот прифати дека невладините организации, како и печатот, може да се карактеризираат како општествени "чувари". Во врска со тоа, нивните активности заслужуваат слична заштита предвидена со Конвенцијата на она која му е овозможена на печатот ".

Österreichische Vereinigung zur Erhaltung, Stärkung und Schaffung eines wirtschaftlich gesunden land- und forstwirtschaftlichen Grundbesitzes против Австрија, 2013

"Судот, исто така ќе забележи дека со оглед на важната улога што ја има интернетот за подобрување на пристапот на јавноста до вести и олеснување на ширењето на информациите (...), функцијата на блогерите и популарните корисници на социјалните медиуми може исто така да се асимилира во онаа на "јавни чувари", што се однесува до заштитата што се предвидува со член 10. "

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

г) Бараните информации се подготвени и достапни
"(...) Судот претходно го зеде предвид фактот дека бараните информации се "подготвени и достапни" и не налага собирање на какви било податоци од страна на Владата (...). Од друга страна, Судот го отфрли повикувањето од страна на домашниот орган на очекуваната тешкотија при собирањето на информации како причина за негово одбивање да му ги достави на жалителот документите, во случај кога таквата тешкотија е предизвикана од сопствената практика на органот (...) ".

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија [Голем судски совет], 2016  

Magyar Helsinki Bizottság против Унгарија, жалба бр. 18030/11, Пресуда 8 ноември 2016

Предметот произлезе од жалба поднесена до Судот од страна на унгарскиот Хелсиншки комитет, откако националните власти го одбија пристапот на комитетот до информациите за адвокатите на одбраната по службена должност назначени од две полициски станици. Судот утврдил дека имало повреда на правото на слобода на изразување на невладината организација-жалител и ги артикулирал четирите критериуми за проценка дали забраната на пристапот до информациите што ги поседува државата го засега член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-167828

Правни резимеа и коментари:

Без произволни ограничувања во пристапот до информации од јавен карактер

„Највнимателна анализа од страна на Судот е потребна кога постои можност мерките преземени од страна на националната власт да го обесхрабрат учеството на печатот, еден од „чуварите“ на општеството, во јавна дебата по прашања од легитимен јавен интерес (...), па дури и мерки кои само го отежнуваат патот до информациите.

Во однос на интересот заштитен со член 10, законот не може да дозволи произволни ограничувања кои може да станат форма на индиректна цензура доколку властите создадат пречки за собирањето на информации.

TASZ против Унгарија - 2009  

Társaság a Szabadságjogokért против Унгарија ("TASZ против Унгарија”), жалба бр. 37374/05, Пресуда 14 јули 2009

Во предметот на TASZ (Унгарска унија за граѓански слободи) против Унгарија, Европскиот суд за човекови права мораше да одлучи дали одбивањето пристап до документот кој се наоѓа кај Унгарскиот уставен суд претставува повреда на правото на организацијата за пристап до информации, како што е наведено во член 10 од Конвенцијата.

Документот, до кој унгарската Унија за граѓански слободи бараше пристап, беше жалба поднесена од пратеникот во Уставниот суд (барање за уставно преиспитување на некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваа на прекршоците поврзани со дроги). На унгарската Унија за граѓански слободи и беше потребен пристап до оваа жалба поради нејзиниот интерес за политиките поврзани со дроги. Уставниот суд го негираше пристапот на Унгарската унија за граѓански слободи до документот, без да се консултира со пратеникот, објаснувајќи дека жалбата поднесена пред судот не може да биде ставена на располагање на надворешни лица без согласност на нејзиниот автор. Унгарската унија за граѓански слободи поднесе тужба против Уставниот суд, но домашните судови пресудиле против невладината организација, со оглед на тоа што жалбата на пратеникот содржи некои "податоци", а тие податоци биле "лични" и не можеле да се добијат без одобрение на авторот . Европскиот суд за човекови права донесе одлука во корист на Унгарската унија за граѓански слободи, имајќи предвид дека има повреда на член 10 од Конвенцијата.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-92171

Правни резимеа и коментари:

Разузнавачките агенции мора да одобрат пристап до информации од јавен интерес
„Остварувањето на слободата на изразување може да подлежи на ограничувања, но таквите ограничувања треба да бидат во согласност со домашното законодавство. Судот одлучи дека ограничувањата наложени од разузнавачката агенција во овој случај не го исполниле овој критериум.

Младинска иницијатива за човекови права против Србија, 2013  

Младинска иницијатива за човекови права против Србија, жалба бр. 48135/06, Пресуда 25 јуни 2013

Жалителот е невладина организација која се жалеше дека Српската разузнавачка агенција одбила да и ги достави информациите за тоа колку луѓе биле подложени на електронски надзор во 2005 година. Младинската иницијатива за човекови права се жалеше дека необезбедувањето на информации ја оневозможило во извршувањето на својата улога како "јавен чувар". Европскиот суд за човекови права одлучи во корист на жалителот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-120955

Правни резимеа и коментари:

Пристапот до одредени интернет страници е дел од правото на пристап до информации
"Тој смета дека членот 10 не може да се толкува како наметнување општа обврска за обезбедување на пристап до интернет или до одредени интернет-страници за затворениците. Сепак, утврди дека во околностите на случајот, со оглед на тоа што пристапот до одредени веб страници што содржат правни информации се доделува според естонскиот закон, ограничувањето на пристапот до други сајтови, кои исто така содржат и правни информации, претставува мешање во правото на прием на информации. "

Kalda против Естонија, 2016  

Kalda против Естонија, жалба бр. 17429/10, Пресуда 19 јануари 2016

На жалителот, затвореник, од страна на затворските власти му бил забранет пристапот до веб-страницата на Информативната канцеларија на Советот на Европа и некои државни бази на податоци кои содржат закони и судски одлуки. Причината, наведена од страна на домашните судови, била ризикот од забранета комуникација помеѓу одредени затвореници. Европскиот суд за човекови права пресуди дека има повреда на член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160270

Правни резимеа и коментари:

Интернет блокирање

Интернет блокирањето на веб-страница преку даватели на интернет услуги (ISP) кои овозможуваат пристап до интернет претставува вид на ограничување на пристапот до содржини.

Иако интернет блокирањето честопати изгледа како едноставно и лесно решение за справување со нелегалните содржини од страна на одредени креатори на политики, тоа всушност покренува многу комплицирани технички и законски прашања, меѓу кои е конфликтот помеѓу интернет блокирањето и слободата на изразување. 16 17

Во изминатите години голем број држави ширум светот имплементираа различни решенија за интернет блокирање. Изработени се повеќе извештаи од невладини организации како што се OpenNet Initiative 18 , Репортери без граници 19 или Freedom House 20 , во кои се дадени темелни анализи на практиките за интернет цензура во разни земји, кои често вклучуваат и блокирање.

Постојат мноштво причини зошто државите се одлучуваат да блокираат содржини, од кои најчести се: фотографии од злоставување на деца, нелегално обложување преку интернет, права на интелектуална сопственост или национална безбедност. Покрај обврските за интернет блокирање на давателите на интернет услуги кои се наметнати со закон или судска одлука, постои и континуирана тенденција на одредување или давање дозвола на давателите на интернет услуги да спроведат слични доброволни мерки кои доведуваат до појава и на други проблеми од законска гледна точка.

element cheieКлучни аспекти од релевантни предмети во ЕСЧП:

Блокирањето на веб-сајт е мешање во слободата на изразување

„блокирањето на пристапот до веб-сајтот на жалителот претставува мешање во неговите права од член 10 за примање и давање на информации „без оглед на ограничувањата“.“

Ahmet Yıldırım против Турција, 2012  

Ahmet Yıldırım против Турција, жалба бр. 3111/10, Пресуда 18 декември 2012

Целиот домен на сајтови на Google бил блокиран во Турција поради една веб-страница кој содржи содржини кои се сметаат за навредливи за споменот за Ататурк. Времената судска мерка меѓу другото го блокираше пристапот до веб-страниците на домаќинот и оние на трети лица, покрај веб-страницата предмет на постапката. "Налогот за општо блокирање на сајтови на Google имаше директно влијание врз пристапот на г. Yildrim до неговата сопствена веб-страница", за што Судот утврди повреда на член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115705

Правни резимеа и коментари:

Блокирањето на веб-сајт влијае врз правото на јавноста да прима информации

„жалителите можат легитимно да тврдат дека одлуката за блокирање на пристапот до YouTube го засега нивното право да примаат и даваат информации и идеи иако тие не се директна цел на таквата одлука“. Cengiz és Mások kontra Törökország, 2015 Cengiz и други против Турција, 2015  

Cengiz и други против Турција, Жалби бр. 48226/10 и 14227/11, Пресуда 1 декември 2015

Во мај 2008 година судот во Анкара одлучи дека содржината на десет страници на веб-страницата на YouTube ја прекршила забраната за навреда на сеќавањето на Ататурк и затоа издал налог за блокирање на целата веб-страница. Жалителите, кои биле активни корисници на веб-страницата, поднеле жалба против таа одлука. Нивната жалба била одбиена врз основа на тоа што тие не биле страни во истражната постапка и затоа немале можност да го оспорат налогот за блокирање. Жалителите се жалеа дека неможноста за пристап до YouTube - платформа која тие во голем степен ја користеле во нивната академска работа - го прекршила правото да примаат и да пренесуваат информации и идеи. Судот одлучи дека налогот за блокирање го прекршил правото на жалителите на слобода на изразување според член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-159188

Правни резимеа и коментари:

„Судот повторува дека член 10 од Конвенцијата „на сите“ им ја гарантира слободата за примање и давање информации и идеи и дека не се прави разлика во однос на целта која ја имаат или улогата која ја играат физичките или правните лица при остварувањето на таквата слобода. Член 10 не важи само за содржината на информациите, туку и за средствата за нивното ширење, со оглед на тоа што било кое ограничување на таквите средства се коси со правото на примање и давање информации. Исто така, Судот потврдува дека член 10 го гарантира не само правото на давање информации туку и правото на јавноста да ги прима тие информации“.

Cengiz и други против Турција, 2015  

Cengiz и други против Турција, Жалби бр. 48226/10 и 14227/11, Пресуда 1 декември 2015

Во мај 2008 година судот во Анкара одлучи дека содржината на десет страници на веб-страницата на YouTube ја прекршила забраната за навреда на сеќавањето на Ататурк и затоа издал налог за блокирање на целата веб-страница. Жалителите, кои биле активни корисници на веб-страницата, поднеле жалба против таа одлука. Нивната жалба била одбиена врз основа на тоа што тие не биле страни во истражната постапка и затоа немале можност да го оспорат налогот за блокирање. Жалителите се жалеа дека неможноста за пристап до YouTube - платформа која тие во голем степен ја користеле во нивната академска работа - го прекршила правото да примаат и да пренесуваат информации и идеи. Судот одлучи дека налогот за блокирање го прекршил правото на жалителите на слобода на изразување според член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-159188

Правни резимеа и коментари:

Цензурите пред публикување не се секогаш во спротивност со Конвенцијата, но мора да се утврди јасна правна рамка

„Таквата цензура пред публикување во принцип не беше некомпатибилна со Конвенцијата но мораше да формира составен дел на правна рамка со која се обезбедува строга контрола врз опсегот на забраната, како и ефикасна судска ревизија за да се спречи било каква злоупотреба“.

Cengiz и други против Турција, 2015  

Cengiz и други против Турција, Жалби бр. 48226/10 и 14227/11, Пресуда 1 декември 2015

Во мај 2008 година судот во Анкара одлучи дека содржината на десет страници на веб-страницата на YouTube ја прекршила забраната за навреда на сеќавањето на Ататурк и затоа издал налог за блокирање на целата веб-страница. Жалителите, кои биле активни корисници на веб-страницата, поднеле жалба против таа одлука. Нивната жалба била одбиена врз основа на тоа што тие не биле страни во истражната постапка и затоа немале можност да го оспорат налогот за блокирање. Жалителите се жалеа дека неможноста за пристап до YouTube - платформа која тие во голем степен ја користеле во нивната академска работа - го прекршила правото да примаат и да пренесуваат информации и идеи. Судот одлучи дека налогот за блокирање го прекршил правото на жалителите на слобода на изразување според член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-159188

Правни резимеа и коментари:

Прекумерното блокирање и колатералните последици мора да се земат предвид

„според мислењето на Судот тие требало да го земат предвид, меѓу другите елементи, и фактот дека таквата мерка со која се оневозможува пристап до големи количини на информации значително ги ограничила правата на корисниците на интернет и имала значителен колатерален ефект.“

Ahmet Yıldırım против Турција, 2012  

Ahmet Yıldırım против Турција, жалба бр. 3111/10, Пресуда 18 декември 2012

Целиот домен на сајтови на Google бил блокиран во Турција поради една веб-страница кој содржи содржини кои се сметаат за навредливи за споменот за Ататурк. Времената судска мерка меѓу другото го блокираше пристапот до веб-страниците на домаќинот и оние на трети лица, покрај веб-страницата предмет на постапката. "Налогот за општо блокирање на сајтови на Google имаше директно влијание врз пристапот на г. Yildrim до неговата сопствена веб-страница", за што Судот утврди повреда на член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115705

Правни резимеа и коментари:

„предметната мерка произвела произволни ефекти и не може да се каже дека нејзината единствена цел била блокирање на пристапот до спорниот веб-сајт, бидејќи довела до целокупно блокирање на сите веб-сајтови хостирани од платформата „Google Sites“.“

Ahmet Yıldırım против Турција, 2012  

Ahmet Yıldırım против Турција, жалба бр. 3111/10, Пресуда 18 декември 2012 Целиот домен на сајтови на Google бил блокиран во Турција поради една веб-страница кој содржи содржини кои се сметаат за навредливи за споменот за Ататурк. Времената судска мерка меѓу другото го блокираше пристапот до веб-страниците на домаќинот и оние на трети лица, покрај веб-страницата предмет на постапката. "Налогот за општо блокирање на сајтови на Google имаше директно влијание врз пристапот на г. Yildrim до неговата сопствена веб-страница", за што Судот утврди повреда на член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115705

Правни резимеа и коментари:

Мора да се воспоставаат ефикасни мерки за судска ревизија

„Покрај тоа, процедурите за судска ревизија во врска со блокирањето на интернет сајтови се недоволни за исполнување на критериумите за избегнување на злоупотреба, бидејќи домашните закони не предвидуваат заштитни мерки со кои ќе се обезбеди одредена наредба за блокирање на одреден сајт да не се искористи како средство за целосно блокирање на пристапот.“

Ahmet Yıldırım против Турција, 2012  

Ahmet Yıldırım против Турција, жалба бр. 3111/10, Пресуда 18 декември 2012

Целиот домен на сајтови на Google бил блокиран во Турција поради една веб-страница кој содржи содржини кои се сметаат за навредливи за споменот за Ататурк. Времената судска мерка меѓу другото го блокираше пристапот до веб-страниците на домаќинот и оние на трети лица, покрај веб-страницата предмет на постапката. "Налогот за општо блокирање на сајтови на Google имаше директно влијание врз пристапот на г. Yildrim до неговата сопствена веб-страница", за што Судот утврди повреда на член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115705

Правни резимеа и коментари:

Релевантни предмети од Европскиот Суд на правдата:

Инсталирањето на систем за филтрирање со цел блокирање на нелегалното користење на функцијата за споделување датотеки (анг. file sharing) е незаконско и би ги прекршило „основните права на корисниците на тој давател на интернет услуги, односно нивното право на заштита на нивните лични податоци и нивната слобода за примање и давање информации, кои права се заштитени со член 8 односно член 11 од Повелбата.“

Scarlet против SABAM, C-70/10  

Предмет C-70/10 Scarlet против SABAM - 24 ноември 2011

Европскиот Суд на Правдата одлучи дека судска мерка не би можело да се изрече против Давател на интернет услуги со која истиот се обврзува да инсталира систем за филтрирање на целата електронска комуникација која поминува низ неговите сервиси, особено оние кои вклучуваат употреба на peer-to-pier софтвер, која неселективно важи за сите негови клиенти, како превентивна мерка, исклучиво на негов трошок и за неограничен временски рок, а кој е способен да го идентификува на мрежата на таквиот давател на услуги движењето на електронските датотеки кои содржат музички, кинематографски и аудиовизуелни дела во однос на кои жалителот тврдел дека поседува права на интелектуална сопственост, со цел да се блокира преносот на датотеки чие споделување би претставувало повреда на авторско право.

Full decision: http://curia.europa.eu/juris/document/document.jsf?text=&docid=115202&pageIndex=0&doclang=EN&mode=lst&dir=&occ=first&part=1&cid=854226

Other relevant cases implying blocking or filtering:

Други релевантни предмети кои се однесуваат на блокирање или филтрирање:

C -610/15 - Stichting Brein против Ziggo BV & XS4ALL Internet BV, 2017  

Предмет C-610/15 Stichting Brein против Ziggo BV & XS4ALL Internet BV - 14 јуни 2017

Член 3 (1) од Директивата 2001/29/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за усогласување на одредени аспекти од авторските права и сродни права во информатичкото општество, мора да се толкува дека ги опфаќа, во околности како што се оние за кои станува збор во главната постапка,ставање на располагање на и управување, на интернет, со платформа за споделување која, преку индексирање на метаподатоци поврзани со заштитените дела и обезбедување на пребарувач, им овозможува на корисниците на таквата платформа да ги лоцираат таквите дела и да ги споделат во контекст на peer-to-peer мрежа.

Full decision: http://curia.europa.eu/juris/document/document.jsf;jsessionid=9ea7d0f130d5152abe8ca2264347841cf5d5161654a4.e34KaxiLc3eQc40LaxqMbN4PaxmSe0?text=&docid=191707&pageIndex=0&doclang=EN&mode=req&dir=&occ=first&part=1&cid=235732

Слобода на изразување наспроти приватност

Едно од најкомплицираните ограничувања на правото на слобода на изразување е кога другата страна исто така тврди дека биле прекршени нејзините основни права, посебно правото на приватност - или како што се нарекува во член 8 од Европската Конвенција - правото на почитување на приватниот и семејниот живот.

ЧЛЕН 8 од Европската конвенција за човекови права

Право на почитување на приватниот и семејниот живот

1
Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.
2
Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон, и ако претставува мерка која е во интерес на државата и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштита на здравјето и моралот или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество.

Една од причините поради кои поимот приватен живот создава толку многу проблеми е тоа што концептот е прилично широк и не може строго да се дефинира, дури и според судската пракса на ЕСЧП.

Според тоа, поимот личен живот „опфаќа аспекти кои се поврзани со личниот идентитет, како што се името, фотографиите, или физичкиот и моралниот интегритет на поединецот. Овој концепт го вклучува и правото да се живее приватно, настрана од несакано внимание. Главната намера на гаранцијата која се дава во овој поглед со член 8 од Конвенцијата е да се обезбеди развојот, без надворешно мешање, на личноста на секој поединец во неговите односи со другите човечки суштества. Оттука следува дека постои и зона на интеракција на поединецот со други лица, дури и во јавен контекст, која би можела да спаѓа во опсегот на дефиницијата на приватен живот“.

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], 2015  

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], Жалба бр. 40454/07, Пресуда 10 ноември 2015

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-158861

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10950

ЕСЧП смета дека обете права (слободата на изразување и правото на приватност) се со еднаква важност и затоа не е важно на кој член се базира жалбата, бидејќи оценката на предметот би требало да им придаде еднаква важност на обете права за да резултира со добро решение.

Обидот да се најде соодветно решение при давањето приоритет на едно од двете права се нарекува „балансирање“ според жаргонот на ЕСЧП и мошне често се поврзува со посебните карактеристики на секој предмет.

„При разгледувањето дали има потреба од мешање во слободата на изразување во едно демократско општество во интерес на „заштитата на угледот или правата на други лица“, од Судот може да се бара да утврди дали домашните власти постигнале праведна рамнотежа при заштитата на двете вредности загарантирани со Конвенцијата кои можат да бидат во меѓусебен конфликт во одредени случаи имено, од една страна, слободата на изразување заштитена со член 10 и, од друга страна, правото на почитување на приватниот живот заштитено со член 8.“

MTE и Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

Конфликтите меѓу правото на слобода на изразување и правото на приватност се јавуваат долги години пред појавата на интернет, така што ЕСЧП веќе има собрано значителна количина на судска пракса во тој поглед. Сепак, дигиталниот свет во оваа дебата ги вклучи и особеностите на начинот на обработка и употреба (или можеби е подобро да се каже злоупотреба?) на приватните или личните податоци во сферата на интернет - при што сѐ повеќе лични податоци се собираат со помош на дигитални средства и се користат на толку многу начини, што е тешко дури и да се замисли.21

Ова поглавје не содржи предмети кои се однесуваат само на правото на приватност во дигиталниот свет, бидејќи тоа би излегло надвор од полето кое го опфаќа оваа брошура. Таа тема во секој случај заслужува посебна анализа и коментар22.

element cheieКлучни аспекти од релевантни предмети во ЕСЧП:

Постојат разлики меѓу интернет и печатените медиуми во однос на нивниот потенцијал за повреда на приватноста
​Ризикот од штета кои го носат содржините и комуникациите на интернет врз остварувањето и уживањето на човековите права и слободи, посебно правото на почитување на приватниот живот, е сигурно повисок од ризикот кои го носат печатените медиуми. Според тоа, политиките со кои се регулира размножувањето на материјали од печатените медиуми и од интернет би можело да се разликуваат. Вторите политики несомнено треба да се прилагодат според посебните функционалности на технологијата со цел да се обезбеди заштитата и подобрувањето на засегнатите права и слободи“.

Редакција Pravoye Delo и Shtekel против Украина, 2011

element cheieКлучни фактори кои треба да се земат во предвид при воспоставување на рамнотежа помеѓу двете права23:

а) придонес кон дебата од јавен интерес
„Судот нагласува дека дефиницијата на она што може да претставува предмет од јавен интерес ќе зависи од околностите на секој случај“.
Судот “зеде предвид одреден број фактори при утврдувањето дали една публикација која открива елементи од приватниот живот се однесува и на прашање од јавен интерес. Во релевантните фактори се вклучени и важноста на прашањето за јавноста и карактерот на откриените информации“.

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], 2015 Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], Жалба бр. 40454/07, Пресуда 10 ноември 2015  

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-158861

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10950

„Треба да се направи основна разлика меѓу известувањето за факти кои можат да придонесат кон одредена дебата во едно демократско општество а кои, на пример се однесуваат на политичари и нивното извршување на службените функции и известувањето за детали од приватниот живот на лице кое не извршува такви функции“.

Von Hannover против Германија (бр. 2) [Голем судски совет], 2012  

Von Hannover против Германија, Жалба бр. 59320/00, Пресуда 24 јуни 2004

Жалителот, принцезата Caroline von Hanover, поднела барање до германските судови за забрана за понатамошно објавување на две серии фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот кои се појавија во германските списанија, бидејќи тие го прекршиле нејзиното право на заштита на нејзиниот приватен живот и нејзиниот имиџ. Незадоволна од исходот од одлуките на националните судови, принцезата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Таа тврди дека овие одлуки го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот живот, бидејќи не и овозможиле соодветна

заштита од објавување на фотографии, сликани без нејзино знаење од страна на папараци, врз основа на тоа дека, во поглед на нејзиното потекло, таа била личност од современото општество „пар екселанс“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-109029

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-98

b) тема на извештајот

„Улогата или функцијата на засегнатото лице и видот на активности кои се тема на одреден извештај и/или фотографија претставуваат уште еден важен критериум, кој е поврзан со претходниот. Во тој поглед треба да се прави разлика меѓу приватни лица и лица кои делуваат во јавен контекст, како што се политички или други јавни личности. Следствено на тоа, иако едно приватно лица кое не и е познато на јавноста може да бара посебна заштита на своето право на приватен живот, истото не важи и за јавните личности“.

Von Hannover против Германија (бр. 2) [Голем судски совет], 2012  

Von Hannover против Германија, Жалба бр. 59320/00, Пресуда 24 јуни 2004

Жалителот, принцезата Caroline von Hanover, поднела барање до германските судови за забрана за понатамошно објавување на две серии фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот кои се појавија во германските списанија, бидејќи тие го прекршиле нејзиното право на заштита на нејзиниот приватен живот и нејзиниот имиџ. Незадоволна од исходот од одлуките на националните судови, принцезата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Таа тврди дека овие одлуки го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот живот, бидејќи не и овозможиле соодветна

заштита од објавување на фотографии, сликани без нејзино знаење од страна на папараци, врз основа на тоа дека, во поглед на нејзиното потекло, таа била личност од современото општество „пар екселанс“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-109029

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-98

„Иако во посебни околности правото на јавноста да биде информирана може да се прошири и на аспекти од приватниот живот на јавни личности, посебно кога се во прашање политичари, тоа не е случај - дури и ако засегнатото лице ѝ е добро познато на јавноста - доколку објавените фотографии и придружни коментари со однесуваат исклучиво на деталите од приватниот живот на тоа лица и имаат за цел исклучиво да ја задоволат љубопитноста на јавноста, во тој поглед приватниот живот, колку и да е познато тоа лице, не може да се смета дека придонесува кон било која дебата која е од општ интерес за општеството“.

Von Hannover против Германија (бр. 2) [Голем судски совет], 2012  

Von Hannover против Германија, Жалба бр. 59320/00, Пресуда 24 јуни 2004

Жалителот, принцезата Caroline von Hanover, поднела барање до германските судови за забрана за понатамошно објавување на две серии фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот кои се појавија во германските списанија, бидејќи тие го прекршиле нејзиното право на заштита на нејзиниот приватен живот и нејзиниот имиџ. Незадоволна од исходот од одлуките на националните судови, принцезата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Таа тврди дека овие одлуки го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот живот, бидејќи не и овозможиле соодветна

заштита од објавување на фотографии, сликани без нејзино знаење од страна на папараци, врз основа на тоа дека, во поглед на нејзиното потекло, таа била личност од современото општество „пар екселанс“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-109029

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-98

в) Начинот на кој се доаѓа до информациите и нивната веродостојност

​Заштитата која на новинарите им ја пружа член 10 во поглед на известувањето за прашања кои се од општ интерес подлежат на условот да се постапува со добра намера и врз основа на точни факти и да се пружат „точни и веродостојни“ информации во согласност со новинарската етика (...) Во овој предмет се забележува дека иако страните се повикале на различни извори, тие сепак суштински се согласуваат дека користењето на скриена камера не е апсолутно забрането со домашните закони, туку дека може да биде прифатено под строги услови. За страните не било спорно дека користењето на оваа техника било дозволено само во случаите кога има значителен јавен интерес за ширење на релевантните информации под услов таквите информации да не можеле да бидат добиени со било какви други средства. Судот веќе утврди дека извештајот се однесувал на прашање од јавен интерес“.

Haldiman и други против Швајцарија, 2015  

Haldimann и други против Швајцарија, Жалба бр. 21830/09, Пресуда 24 февруари 2015

Овој предмет се однесуваше на осудата на четворица новинари за снимање и емитување на интервју за приватен осигурителен брокер користејќи скриена камера, како дел од телевизиски документарец со намера да ги осудат погрешните совети што ги даваат осигурителните брокери. Жалителите се жалеле дека нивната казна за исплата на парични казни претставува непропорционално мешање во нивното право на слобода на изразување.

Судот одлучи дека во случајот на жалителите имало повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Конвенцијата, особено со оглед на тоа што мешањето во приватниот живот на брокерот, кој ја одбил можност да ги изрази неговите ставови во врска со интервјуто за кое станува збор, не биле доволно сериозни за да го надвладеат јавниот интерес од информирање за небрежност во областа на осигурително брокерско работење. Судот понатаму, исто така, тврдеше дека жалителите заслужиле да се сметаат невини се додека не се докаже спротивното во врска со нивната желба за почитување на етиката на новинарството како што е дефинирано во швајцарскиот закон, наведувајќи го примерот на нивната ограничена употреба на скриената камера.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-152711

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10509

„Што се однесува до методот кој бил користен за изработка на документарниот филм, Судот смета дека употребата на скриени камери треба во принцип да биде ограничена, бидејќи таквата техника е прилично вознемирувачка и го занемарува правото на почитување на приватниот живот. Без оглед на тоа, Судот е свесен за важноста на користењето скришни истражувачки методи за изработка на одредени видови документарци. Во некои случаи, новинарите мораат да користат скриени камери, на пример доколку е тешко да се добијат информации со користење на други средства. Сепак, ова решение треба да се користи само ако нема друг избор, повремено и во согласност со соодветните етички кодекси.“

Bremner против Турција, 2015  

Bremner против Турција, Жалба бр. 37428/06, Пресуда 13 октомври 2015

Овој предмет се однесувал на емитување телевизиски документарци во кои жалителот, кој бил прикажан како ги проповеда неговите евангелски христијански верувања, бил опишан како "странски препродавач на религија" вклучен во тајни активности во Турција. Жалителот тврди дека емитувањето на документарниот филм и одбивањето на судските органи да го одобрат неговото барање за надомест го прекршиле неговото право на почитување на неговиот приватен живот.

Судот одлучи дека имало повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот живот) од Конвенцијата, особено утврдувајќи дека прикажувањето на сликата на жалителот без да се замаглува не може да се смета како придонес кон каква било дебата од општ интерес за општеството, без оглед на степенот на јавен интерес во прашањето поврзано со верска прозелитизација.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-158077

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10915

г) претходно однесување на лицето за кое се известува

​Однесувањето на засегнатото лице пред објавувањето на извештајот или фактот дека фотографијата и придружните информации веќе биле објавени во претходна публикација претставуваат фактори кои исто така треба да бидат земени предвид. Сепак, самиот факт што лицето соработувало со печатот во претходни пригоди не може да служи како аргумент за лишување на засегнатата страна од сите права на заштита од објавување на предметната фотографија“.

Von Hannover против Германија (бр. 2) [Голем судски совет], 2012  

Von Hannover против Германија, Жалба бр. 59320/00, Пресуда 24 јуни 2004

Жалителот, принцезата Caroline von Hanover, поднела барање до германските судови за забрана за понатамошно објавување на две серии фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот кои се појавија во германските списанија, бидејќи тие го прекршиле нејзиното право на заштита на нејзиниот приватен живот и нејзиниот имиџ. Незадоволна од исходот од одлуките на националните судови, принцезата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Таа тврди дека овие одлуки го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот живот, бидејќи не и овозможиле соодветна

заштита од објавување на фотографии, сликани без нејзино знаење од страна на папараци, врз основа на тоа дека, во поглед на нејзиното потекло, таа била личност од современото општество „пар екселанс“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-109029

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-98

д) содржина на информациите, форма и последици од нивното објавување

„Судот повторува дека начинот кој се користи за да известува за одредена тема е прашање на новинарска слобода. Во тој поглед, ниту Судот, ниту националните судови не можат да ги заменат своите ставови со ставовите на печатот. Член 10 од Конвенцијата исто така им дава за право на новинарите да одлучат кои детали ќе бидат објавени за да се задржи кредибилитетот на статијата. Освен тоа, новинарите го уживаат правото на слобода да изберат кои вести ќе ги обработуваат и како ќе го сторат тоа. Меѓутоа, таквата слобода не значи и ослободување од одговорност.

Секогаш кога се работи за информации со кои се доведува во прашање приватниот живот на друго лице, новинарите се должни да го земат предвид, колку што е можно, влијанието кое ќе го има објавувањето на информациите и фотографиите пред истите да бидат пуштени во јавност. Поконкретно, одредени настани кои се однесуваат на приватниот и семејниот живот уживаат прилично строга заштита според член 8 од Конвенцијата и според тоа новинарите мораат да бидат разумни и внимателни кога известуваат за нив“.

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], 2015  

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], Жалба бр. 40454/07, Пресуда 10 ноември 2015

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-158861

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10950

„Начинот на кој се објавува фотографијата или извештајот и начинот на којшто засегнатото лице е претставено на фотографијата или во извештајот исто така можат да бидат фактори кои треба да бидат земени предвид. Обемот на објавување на извештајот и фотографијата исто така може да биде важен фактор, зависно од тоа дали весникот е национален или локален и дали има обемен или ограничен тираж“. Von Hannover против Германија (бр. 2) [Голем судски совет], 2012  

Von Hannover против Германија, Жалба бр. 59320/00, Пресуда 24 јуни 2004

Жалителот, принцезата Caroline von Hanover, поднела барање до германските судови за забрана за понатамошно објавување на две серии фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот кои се појавија во германските списанија, бидејќи тие го прекршиле нејзиното право на заштита на нејзиниот приватен живот и нејзиниот имиџ. Незадоволна од исходот од одлуките на националните судови, принцезата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Таа тврди дека овие одлуки го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот живот, бидејќи не и овозможиле соодветна

заштита од објавување на фотографии, сликани без нејзино знаење од страна на папараци, врз основа на тоа дека, во поглед на нејзиното потекло, таа била личност од современото општество „пар екселанс“.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-109029

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-98

д) тежина на изречената казна

„Судот повторува дека во контекст на процена на пропорционалноста, без разлика дали изречената казна била блага, она што е важно е дека била изречена пресуда против засегнатото лице, вклучувајќи ги и случаите каде што таквата пресуда е исклучиво од граѓанска природа. Секое непотребно ограничување на слободата на изразување практично подразбира ризик од попречување или парализирање на идното медиумско известување за слични прашања“.

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], 2015  

Couderc и Hachette Filipacchi Associés против Франција [Голем судски совет], Жалба бр. 40454/07, Пресуда 10 ноември 2015

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање. .

Овој предмет се однесуваше на осудувањето на жалителите - директорот за издаваштво и издавачот на неделниот магазин Paris Match - по објавувањето на статија од десет страници, најавена на насловната страница на весникот под наслов "Алберт од Монако: А., тајното дете " и содржи неколку фотографии од принцот на Монако, неговото наводно дете и мајката на детето. Жалителите тврдеа дека пресудата против нив довела до неоправдано мешање во остварувањето на нивното право на слобода на информирање.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-158861

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-10950

Правните лица не смеат да тврдат дека имаат приватност, но нивните сопственици можат

„Како што Судот претходно констатира, правните субјекти не можат да тврдат дека се жртва на повреда на правата на личноста, каде што носителите на тие права можат да бидат само физички лица (...) Но не може да се занемари фактот дека спорните коментари биле навредливи за физичкото лице кое е сопственик на компанијата“.

MTE и Index.hu против Унгарија, 2016  

Magyar Tartalomszolgaltatok Egyesulete and Index.hu Zrt (“MTE”) против Унгарија, жалба бр. 22947/13, Пресуда 2 февруари 2016

Првиот жалител бил саморегулаторно тело на провајдери на интернет содржина а вториот жалител бил сопственик на интернет информативен портал. Во февруари 2010 година, првиот жалител објавил мислење за две веб страници за управување со недвижен имот, чиј целосен текст подоцна бил исто така објавен на порталот на вториот жалител. Мислењето привлекло коментари од корисници, каде некои ја критикувале веб страницата за управување со недвижен имот со навредливи коментари. Како резултат на тоа, компанијата која раководи со веб страниците поднела граѓанска тужба против жалителите со наводи дека е нанесена штета на нејзиното реноме. жалителите веднаш ги отстраниле навредливите коментари од корисниците. Сепак, домашните судови одлучиле дека тие сносат објективна одговорност за нивната објава, и им наложиле да платат процедурални давачки.

Европскиот суд за човекови права морало да процени дали е направена соодветна рамнотежа помеѓу правото на жалителот на слобода на изразување согласно Член 10 и правото на углед на компанијата тужител согласно Член 8. Со оглед на отсуството на говор на омраза или директни закани врз физичкиот интегритет во коментарите на корисниците, Судот одлучи дека немало причина да се донесе одлука дека, доколку е придружен од ефикасни процедури со кои се овозможува брз одговор, системот за забележување и остранување на содржина не би можел да обезбеди остварлив пат за заштита на угледот на компанијата тужител во конкретниот случај.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-160314

Правни резимеа и коментари:

8. Слобода на изразување наспроти авторски права

Уште еден клучен елемент со кој слободата на изразување влегува во конфликт се правата на интелектуална сопственост, а посебно авторските права. Овие тензии обично се позначајни во дигиталниот свет, каде што копирањето на големи количини на дела е технички полесно и дигиталната копија е идентична на оригиналот.

ЕСЧП има само неколку предмети кои се занимаваат со оваа конкретна тематика и тие следат една прилично јасна и општа линија. Во исто време, напоменуваме дека Европскиот суд на правдата исто така има донесено бројни одлуки во кои накратко се разгледува конфликтот меѓу слободата на изразување и правата на интелектуална сопственост утврдени во Повелбата за основни права на Европската унија.

Прво, треба да појасниме дека ЕСЧП смета дека интелектуалната сопственост претставува еден вид на сопственост и според тоа е опфатена со член 1 од Протоколот бр. 1 на Европската конвенција за човекови права:

Чл. 1 Заштита на сопственоста

Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Никој не може да биде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право.

„Земајќи ги предвид горенаведените одлуки, Големиот судски совет се согласува со одлуката на Советот дека член 1 од Протоколот бр. 1 е применлив во однос на интелектуалната сопственост“.

Anheuser-Busch Inc. против Португалија [Голем судски совет], 2007  

Слично како и за предметите во врска со конфликт со приватноста, во оваа ситуација Судот треба да воспостави и рамнотежа меѓу двете права утврдени во Конвенцијата. Во овие предмети, кога рамнотежата ја воспоставиле националните судови врз основа на критериуми кои се во надлежност на Судот, ЕСЧП обично интервенира само кога има мошне силни аргументи за преиспитување на предметот.

element cheie Клучни аспекти од релевантни предмети во ЕСЧП:

Во овие предмети постои голем степен на слободна проценка од националните власти

„Домашните власти имале посебно голем степен на слободна проценка во овој предмет со оглед на целта на мешањето и фактот дека, земајќи предвид дека член 1 од Протокол бр. 1 се применува на интелектуалната сопственост, мешањето исто така имало за цел заштита на правата загарантирани со Конвенцијата или нејзините Протоколи“.

Ashby Donald и други против Франција, 2013  

Ashby Donald и други против Франција, Жалба бр. 36769/08 Пресуда 10 јануари 2013

Овој предмет се однесуваше на осудата на модни фотографи за кршење на авторските права откако на интернет страницата на модна компанија која ја воделе двајца од жалителите, без одобрение од засегнатите модни куќи, објавиле фотографии направени од другиот жалител на модни ревии во 2003 година.

Судот одлучи дека немало повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Конвенцијата. Во околностите на случајот и во поглед на особено високиот степен на маргината на уважување на домашните органи, карактерот и сериозноста на казните што им биле наметнати на жалителите не биле такви што Судот можел да утврди дека предметниот спор бил диспропорционален на целта која требало да се постигне.

Пресуда (само на француски): http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115979

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7393

Осудата за повреда на авторски права е мешање во слободата на изразување

„Во овој предмет, жалителите воспоставиле начини за давање и примање на информации од страна на други лица во смисла на член 10 од Конвенцијата. Судот смета дека постапките на жалителите се заштитени согласно член 10 став 1 од Конвенцијата и, следствено на тоа, осудителните пресуди против жалителите претставуваат мешање во нивното право на слобода на изразување. Таквото мешање претставува повреда на член 10 освен ако не е „пропишано со закон“, тежи кон една или повеќе од легитимните цели наведени во член 10 став 2 и е „неопходно во едно демократско општество“ да се постигне таквата цел односно цели“.

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, 2013  

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, жалба бр. 40397/12, Одлука 19 февруари 2013

Овој предмет се однесуваше на жалбата на двајца од основачите на "The Pirate Bay", една од најголемите светски веб-страници за споделување на torrent-датотеки, дека со нивната осуда за соучество во извршување на кривични дела поврзани со прекршување на Законот за авторски права извршена е повреда на нивната слобода на изразување .

Судот ја прогласи жалбата за недопуштена како очигледно неоснована. Тој одлучи дека споделувањето или дозволувањето на другите да споделуваат, датотеки од ваков вид на Интернет, дури и материјал заштитен со авторски права и заради остварување на профит, било опфатено со правото на "примање и пренесување информации" според членот 10 (слобода на изразување ) од Конвенцијата. Меѓутоа, судот одлучи дека домашните судови правилно ги избалансирале конкурентните интереси - на пример, правото на жалителите да примаат и да пренесуваат информации и потребата за заштита на авторските права - при осудата на жалителите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117513

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7408

„Судот констатира дека објавувањето на спорните фотографии на веб-сајт посветен на модата и бесплатната или јавна понуда на слики од парадите и нивната понуда за продажба претставува остварување на правото на слобода на изразување и дека осудителната пресуда против жалителите за овие дела претставува мешање во ова право“.само на француски

Ashby Donald и други против Франција, 2013  

Ashby Donald и други против Франција, Жалба бр. 36769/08 Пресуда 10 јануари 2013

Овој предмет се однесуваше на осудата на модни фотографи за кршење на авторските права откако на интернет страницата на модна компанија која ја воделе двајца од жалителите, без одобрение од засегнатите модни куќи, објавиле фотографии направени од другиот жалител на модни ревии во 2003 година.

Судот одлучи дека немало повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Конвенцијата. Во околностите на случајот и во поглед на особено високиот степен на маргината на уважување на домашните органи, карактерот и сериозноста на казните што им биле наметнати на жалителите не биле такви што Судот можел да утврди дека предметниот спор бил диспропорционален на целта која требало да се постигне.

Пресуда (само на француски): http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115979

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7393

Заштитата на "комерцијални" говори е многу помала од онаа за политички или други говори од јавен интерес

„Во овој поглед, Судот би сакал да истакне и дека големината на слободниот степен на проценка кој им се пружа на државите зависи од одреден број фактори, меѓу кои од посебна важност е видот на информации за кои станува збор. Во овој предмет, иако се заштитени со член 10, гаранциите кои важат за дистрибуираниот материјал за којшто биле обвинети жалителите не можат да го достигнат истото ниво како и оние кои важат за политичкото изразување и дебата. Оттука следува дека и видот на информациите и балансирачкиот интерес споменат погоре ѝ даваат на државата голем слободен степен на проценка кој, ако се соберат сите работи како во овој случај, станува посебно голем“.

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, 2013  

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, жалба бр. 40397/12, Одлука 19 февруари 2013

Овој предмет се однесуваше на жалбата на двајца од основачите на "The Pirate Bay", една од најголемите светски веб-страници за споделување на torrent-датотеки, дека со нивната осуда за соучество во извршување на кривични дела поврзани со прекршување на Законот за авторски права извршена е повреда на нивната слобода на изразување .

Судот ја прогласи жалбата за недопуштена како очигледно неоснована. Тој одлучи дека споделувањето или дозволувањето на другите да споделуваат, датотеки од ваков вид на Интернет, дури и материјал заштитен со авторски права и заради остварување на профит, било опфатено со правото на "примање и пренесување информации" според членот 10 (слобода на изразување ) од Конвенцијата. Меѓутоа, судот одлучи дека домашните судови правилно ги избалансирале конкурентните интереси - на пример, правото на жалителите да примаат и да пренесуваат информации и потребата за заштита на авторските права - при осудата на жалителите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117513

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7408

„Државите договорнички имаат голем степен на слободна проценка при регулирањето на слободата на изразување во комерцијалната сфера, со оглед на тоа што опсегот на изразувањето мора да се релативизира кога не станува збор за строго „комерцијалното“ изразување на поединецот, туку неговото учество во дебата од јавен интерес“.

Ashby Donald и други против Франција, 2013  

Ashby Donald и други против Франција, Жалба бр. 36769/08 Пресуда 10 јануари 2013

Овој предмет се однесуваше на осудата на модни фотографи за кршење на авторските права откако на интернет страницата на модна компанија која ја воделе двајца од жалителите, без одобрение од засегнатите модни куќи, објавиле фотографии направени од другиот жалител на модни ревии во 2003 година.

Судот одлучи дека немало повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Конвенцијата. Во околностите на случајот и во поглед на особено високиот степен на маргината на уважување на домашните органи, карактерот и сериозноста на казните што им биле наметнати на жалителите не биле такви што Судот можел да утврди дека предметниот спор бил диспропорционален на целта која требало да се постигне.

Пресуда (само на француски): http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-115979

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7393

Осудителната пресуда за повреда на авторско право и отштетата можат да бидат пропорционални

„На крајот, Судот повторува дека природата и тежината на изречените казни се фактори кои треба да бидат земени предвид при утврдувањето на пропорционалноста на мешањето во слободата на изразување загарантирана со член 10. Во овој случај, Судот смета дека затворската казна и пресудата за исплата на отштета не може да се сметаат за диспропорционални. При носењето на ваквиот заклучок Судот го има предвид фактот дека домашните судови констатирале дека жалителите не презеле ништо за да ги отстранат торент датотеките, и покрај тоа што им било укажано да го сторат тоа. Наместо тоа, тие биле индиферентни спрема фактот дека делата заштитени со авторски права биле подложени на активности за споделување на датотеки (file-sharing) (...)“

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, 2013  

Neij и Sunde Kolmisoppi против Шведска, жалба бр. 40397/12, Одлука 19 февруари 2013

Овој предмет се однесуваше на жалбата на двајца од основачите на "The Pirate Bay", една од најголемите светски веб-страници за споделување на torrent-датотеки, дека со нивната осуда за соучество во извршување на кривични дела поврзани со прекршување на Законот за авторски права извршена е повреда на нивната слобода на изразување .

Судот ја прогласи жалбата за недопуштена како очигледно неоснована. Тој одлучи дека споделувањето или дозволувањето на другите да споделуваат, датотеки од ваков вид на Интернет, дури и материјал заштитен со авторски права и заради остварување на профит, било опфатено со правото на "примање и пренесување информации" според членот 10 (слобода на изразување ) од Конвенцијата. Меѓутоа, судот одлучи дека домашните судови правилно ги избалансирале конкурентните интереси - на пример, правото на жалителите да примаат и да пренесуваат информации и потребата за заштита на авторските права - при осудата на жалителите.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-117513

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-7408

Релевантни предмети од Европскиот суд на правдата:

GS Media BV против Sanoma Media Netherlands BV и други - C-160/15 (2016) - хиперлинкови кои овозможуваат пристап до заштитени дела биле ставени на располагање на друг веб-сајт без согласност на носителот на правата

Предмет C-160/15 GS Media BV против Sanoma Media Netherlands BV, Пресуда 8 септември 2016

Европскиот суд на правдата одлучи дека член 3 (1) од Директивата 2001/29 / ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за усогласување на одредени аспекти на авторското право и сродните права во информатичкото општество мора да се толкува дека значи, со цел да се утврди дали фактот на објавување, на веб-страница, хиперлинкови до заштитени дела, кои слободно се достапни на друга веб-страница без согласност од носителот на авторските права, претставува ’соопштување во јавноста’ во смисла на значењето на таа одредба, мора да се утврди дали овие линкови се обезбедуваат без намера да се стекне финансиска добивка од страна на лице кое не го знаело или не можело разумно да го знае незаконскиот карактер на објавувањето на тие дела на другата веб-страница или дали, напротив, тие линкови се обезбедени за таква цел, ситуација во која тоа знаење мора да се претпостави.

Full decision: http://curia.europa.eu/juris/document/document.jsf?text=&docid=183124&pageIndex=0&doclang=EN&mode=lst&dir=&occ=first&part=1&cid=873114

Scarlet против SABAM (C360-10) - 2012 - налог изречен против Давател на интернет услуги со кој се бара истиот да инсталира систем за филтрирање на дела заштитени со авторски права

Предмет C-70/10 Scarlet v. SABAM - 24 ноември 2011

Европскиот Суд на Правдата одлучи дека судска мерка не би можело да се наложи против Давател на интернет услуги со која истиот се обврзува да инсталира систем за филтрирање на целата електронска комуникација која поминува низ неговите сервиси, особено оние кои вклучуваат употреба на peer-to-pier софтвер, која неселективно важи за сите негови клиенти, како превентивна мерка, исклучиво на негов трошок и за неограничен временски рок, а кој е способен да го идентификува на мрежата на таквиот давател на услуги движењето на електронските датотеки кои содржат музички, кинематографски и аудиовизуелни дела во однос на кои жалителот тврдел дека поседува права на интелектуална сопственост, со цел да се блокира преносот на датотеки чие споделување би претставувало повреда на авторско право.

Full decision: http://curia.europa.eu/juris/document/document.jsf?text=&docid=115202&pageIndex=0&doclang=EN&mode=lst&dir=&occ=first&part=1&cid=854226

SABAM против Netlog (C-70/10) – 2011 налог изречен против давател на хостинг услуги со кој се бара истиот да инсталира систем за филтрирање на дела заштитени со авторски права

Предмет C-360/10 SABAM против Netlog - 16 февруари 2012

Европскиот суд на правдата одлучи дека директивите на ЕУ не му допушта на национален суд да издаде судска мерка против давател на услуги за хостинг со која истиот се обврзува да инсталира систем за филтрирање на информациите складирани на неговите сервери од страна на неговите корисници, која неселективно важи за сите тие корисници, како превентивна мерка, исклучиво на негов трошок и за неограничен временски рок, а кој е способен да идентификува електронски датотеки кои содржат музички, кинематографски и аудиовизуелни дела во однос на кои барателот на таквата мерка тврди дека поседува права на интелектуална сопственост, со цел да се спречи истите да станат достапни на јавноста преку повреда на авторско право.

Full decision: http://curia.europa.eu/juris/document/document.jsf?text=&docid=119512&pageIndex=0&doclang=EN&mode=lst&dir=&occ=first&part=1&cid=854226

Други ограничувања
(национална безбедност, заштита на здравјето или моралот, судски постапки)

Во член 10, став 2 од Конвенцијата се наведени интересите кои можат да бидат заштитени при ограничувањето на правото на слобода на изразување. Покрај интересите во заштитата на угледот или правата на други лица, или спречувањето на објавување информации добиени во доверба кои беа разгледани во претходните поглавја, постојат и други интереси како на пример:

  • национална безбедност, територијален интегритет или јавна безбедност; спречување на нереди или криминал;
  • заштита на здравјето или моралот;
  • зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

И покрај тоа што некој би можел да си помисли, читајќи го став 2 од член 10, дека текстот на Конвенцијата дозволува сеопфатно ограничување на правото на слобода на изразување, за наведените интереси, во судската пракса на ЕСЧП детално е утврдено кога таквото ограничување би можело да биде „неопходно во едно демократско општество“, како и во кои случаи тоа не е неопходно и преовладува правото на слобода на изразување.

И покрај тоа што постојат случаи во кои ограничувањата на слободата на изразување се одобрени од страна на ЕСЧП, постојат и низа случаи каде што е утврдено дека земјите-членки на Советот на Европа го прекршиле член 10 при обидот да ги заштитат горенаведените интереси.

На пример, потребата за заштита на националната безбедност дозволува ограничување на правото на слобода на изразување, но властите треба да докажат дека таквото ограничување е навистина неопходно во едно демократско општество.

Од друга страна, во однос на порнографијата и богохулењето, тие може да бидат полесно ограничени во интерес на заштитата на здравјето или моралот. Заштитата на правата претставува приоритет. Детската порнографија е нелегална.

element cheieКлучни аспекти од релевантни предмети во ЕСЧП:

Ограничувања на слободата на изразување во интерес на националната безбедност - само ако се докаже дека се неопходни во едно демократско општество

„Иако печатот не смее да ги пречекори ограничувањата кои меѓу другото се поставени со цел заштита на виталните интереси на државата како што се националната безбедност или територијалниот интегритет од заканата од насилство или спречувањето на нереди или криминал, печатот сепак има обврска да пренесува информации и идеи за политички прашања, вклучувајќи ги и оние за кои има поделени мислења. Печатот не само што има задача да ги пренесува ваквите информации и идеи, туку и јавноста има право да ги добива истите. Слободата на печатот ѝ го овозможува на јавноста едно од најдобрите средства за откривање и креирање мислења за идеите и ставовите на политичките лидери“.

Sürek и Özdemir против Турција [Голем судски совет], 1999  

Sürek и Özdemir против Турција [Голем судски совет], Жалби бр. 23927/94 и 24277/94, пресуда од 8 јули 1999

Сопственикот и главниот уредник на еден весник се жалеа пред Европскиот суд за човекови права откако беа осудени од страна на националните власти во Турција на шест месеци затвор и парична казна. Тие беа осудени за ширење пропаганда против интегритетот на државата и поттикнување на тероризам, по објавувањето на интервјуто со член на Курдистанската работничка партија (ПКК), организација прогласена за нелегална во Турција. Европскиот суд за човекови права утврди дека има повреда на член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58278

Правни резимеа и коментари: https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/surek-ozdemir-v-turkey/

„Судот обрна посебно внимание на условите користени во овие статии и контекстот на нивното објавување, земајќи ги предвид околностите кои ги опкружуваат случаите кои тој треба да ги разгледа, посебно тешкотиите во поглед на борбата против тероризмот. Тој констатира дека спорните текстови не содржат никаква алузија на користењето насилство, вооружен отпор или востание, и дека не содржат говор на омраза, што според неговото мислење е суштинскиот елемент кој треба да биде земен предвид“.

Bayar и Gürbüz против Турција, 2012  

Bayar и Gürbüz против Турција, Жалба бр. 37569/06, Пресуда од 27 ноември 2012

Жалителите, кои биле сопственикот и главниот уредник на дневниот весник, биле казнети бидејќи нивниот весник објавил две статии кои домашните судови ги опишале како пренесување на изјави на илегална вооружена организација. Европскиот суд за човекови права утврди дека, со нивното казнување за објавување на овие изјави, Турција го прекршила член 10.

Пресуда (French only): http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-114773

Правни резимеа и коментари:

„во спорната статија е изразена припадност кон Работничката партија на Курдистан (РКК) и се повикува на користење вооружена сила како средство за постигнување национална независност на Курдистан (...). Во еден таков контекст, би морало да се заклучи дека содржината на статијата би можела да поттикне понатамошни насилни дејствија во регионот. Впрочем, пораката која му се соопштува на читателот е дека прибегнувањето кон насилство претставува неопходна и оправдана мерка на самоодбрана против дејствијата на агресорот. Токму од оваа гледна точка Судот констатира дека причините изнесени од страна на тужената држава за осудувањето на жалителот се и релевантни и доволни за да се утврди мешање во правото на слобода на изразување на жалителот. Судот повторува дека самиот факт што „информациите“ или „идеите“ навредуваат, шокираат или вознемируваат не е доволен за да се оправда таквото мешање (в. параграф 36 погоре). Меѓутоа, она што е во прашање во конкретниот случај е поттикнувањето на насилство“.

Предмет Sürek против Турција (Бр. 3), 1999  

Sürek против Турција (бр. 3), Жалба бр. 24735/94, Пресуда 8 јули 1999

Сопственикот на еден весник беше обвинет од страна на турските власти за ширење на пропаганда против неделивоста на државата, и му беше наложено да плати парична казна. Осудата беше последица на коментарот што беше објавен во весникот во негова сопственост. Судот утврдил дека интересите за заштитата на националната безбедност и територијалниот интегритет, во конкретниот контекст на случајот, биле пропорционални со ограничувањето на слободата на изразување, бидејќи текстот на статијата не бил само навредлив, шокантен или вознемирувачки, туку имал капацитет да поттикне на насилство.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58281

Правни резимеа и коментари: https://rm.coe.int/168007ff48

Порнографијата и богохулието можат да се ограничат заради заштита на здравјето или моралот

„(...) во контекст на верските уверувања, можат легитимно да се вклучат обврски за да се избегнуваат, колку што тоа е можно, изрази коишто во однос на објектите на обожување се навредливи кон други лица и кои се профанаторни (...) (...) генерално државите договорнички имаат поголем степен на слободна проценка при регулирањето на слободата на изразување во врска со прашања кои можат да ги навредат интимните лични убедувања во сферата на моралот, или посебно религијата.
Освен тоа, како и во полето на моралот, а можеби и во уште поголема мера, не постои единствен концепт на европско ниво на барањата за „заштита на правата на другите“ во однос на нападите на нивните верски убедувања. (...)“.

Wingrove против Обединетото Кралство, 1996  

Wingrove против Обединетото Кралство, Жалба бр. 17419/90, Пресуда од 25 ноември 1996

Nigel Wingrove, британски режисер, го напиша сценариото за и го режираше краткиот филм "Visions of Ectasy". Британскиот одбор за филмска класификација одби да го одобри филмот бидејќи утврди дека го прекршува кривичниот закон за богохулие. Европскиот суд за човекови права го потврди одбивањето на Одборот да издаде потврда за класификација, со образложение дека мешањето било соодветно пропишано со закон и имало легитимна цел да ја заштити христијанската вера од богохулни изразувања.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-58080

Правни резимеа и коментари:

„Судот дополнително забележува дека жалителот можел да ја избегне штетата и, следствено на тоа, осудителната пресуда, продолжувајќи да ја врши својата работа, доколку го оневозможел пристапот до [порнографските] фотографии на бесплатната страница за преглед (каде што немало проверка на возраста). Тој одлучил да не го стори тоа бидејќи, без сомнение, се надевал дека ќе привлече повеќе публика ако ги остави фотографиите на бесплатната страница за преглед“.

Perrin против Обединетото Кралство, 2005  

Perrin против Обединетото Кралство, Жалба бр. 5446/03, Одлука од 18 октомври 2005

Предметот вклучувал права на слобода на изразување на поединец кој бил издавач на порнографска веб-страница. Веб-страницата на нејзината насловна страница содржела слободно достапни слики на копрофилија, копрофагија и фелацио, и затоа издавачот беше осуден во Велика Британија на 30-месечна затворска казна, врз основа на Законот за објавување на непристоен материјал. Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-70899

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-3684

Заштитата на правата на децата е од приоритетно значење

„Според мислењето на судот, во случаи како овој каде што е извршен прекршок од страна на малолетник којшто не ја достигнал законски пропишаната возраст за кривична одговорност и кој не се смета за одговорен за своите постапки, правото на новинарот да пренесе информации во врска со било какво сериозно кривично дело не смее да надвладее над правото на малолетникот на ефективна заштита на неговиот приватен живот.
Нема сомнение дека неговото континуирано објавување на имињата во печатот во врска со кривичниот (...) инцидент било прилично штетно за моралниот и психолошкиот развој на внукот на г-дин В. и за неговиот приватен живот.

Од горенаведеното, Судот заклучува дека објавувањето на имињата на малолетните престапници и функциите на нивните роднини од страна на жалителот не дало никаков придонес кон дискусијата околу прашање од легитимен јавен интерес. Иако тие информации биле претходно објавени од други весници, граѓанската одговорност која му била наложена на жалителот била оправдана во тие околности со потребата за спречување на дополнително објавување на детали за приватните животи на тужителите во печатените медиуми“.

Aleksey Ovchinnikov против Русија, 2010  

Aleksey Ovchinnikov против Русија, Жалба бр. 24061/04, Пресуда 16 декември 2010

Европскиот суд за човекови права утврди дека нема повреда на правото на слобода на изразување во случај кога новинар се пожалил на исходот од тужбата за цивилна клевета, каде што му било наложено да плати (мал) износ на отштета. Предметните статии се однесуваа на информации за настани во кои се вклучени малолетници, кои доаѓаат од семејства на јавни личности.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-102322

„Иако слободата на изразување и доверливоста во областа на електронските комуникации имаат примарно значење и корисниците на телекомуникациски и интернет услуги мора да добијат гаранција дека нивната приватност и слобода на изразување ќе се почитуваат, таквата гаранција не може да биде безусловна и мора во одредени околности да им го отстапи местото на други легитимни интереси, како што е спречувањето нереди или кривични дела, или заштитата на правата и слободите на другите лица“.

K.U. против Полска, 2008  

K.U. Против Финска, Жалба бр. 2872/02, Пресуда 2 декември 2008

Предметот се однесуваше на неуспехот на националните власти во Финска да го заштитат правото на приватност на малолетно лице, чија фотографија беше објавена од непознато лице или лица на веб-страница, веднаш до соопштение кое тврдеше дека малолетникот бара интимна врска со момче од неговата возраст или постаро. Националните судови го потврдија одбивањето на давателот на интернет услуги да го открие идентитетот на лицето кое ја објавило фотографијата, контакт податоците и погрешната објава. Одбивањето беше засновано на законодавството што беше во сила во тоа време, усвоено со цел да се заштити слободата на изразување, законодавство кое го забранува откривањето на идентитетот на корисниците. Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека имало повреда на правата на приватност на малолетникот.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-89964

Правни резимеа и коментари:

Судската постапка наметнува построги обврски на оние кои известуваат за јавноста

„(...) би било незамисливо да се тврди дека не може да има претходна или истовремена дискусија околу предметот на судските постапки на други места, било да е тоа во специјализирани списанија, во општиот печат, или во јавноста. Освен што медиумите имаат задача да ги пренесуваат таквите информации и идеи, јавноста има право да ги добива“.

Dupuis и други против Франција, Жалба бр. 1914/02, Пресуда од 7 јуни 2007  

Dupuis и други против Франција, Жалба бр. 1914/02, Пресуда 7 јуни 2007

Европскиот суд за човекови права одлучи дека имало повреда на членот 10 во случај кога новинарите биле казнети за ширење на информациите добиени незаконски од кривична истрага која е во тек. Судот утврди дека објавените информации се однесувале на прашање од јавен интерес.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-80903

Правни резимеа и коментари:

„мора да се земе предвид дека секој има право да ги ужива гаранциите за правично судење утврдени во член 6 став 1 од Конвенцијата, кои во кривичните постапки го вклучуваат и правото на непристрасно судство. (...) Како што Судот веќе истакна претходно, „ова мора да биде земено предвид од страна на новинарите кога истите даваат коментари за кривични постапки кои се во тек, бидејќи во дозволените граници на коментирање не може да бидат вклучени и изјави за кои е веројатно дека ќе ги намалат, било намерно или не, шансите на лицето да добие правично судење или да ја загрозат довербата на јавноста во улогата на судовите во спроведувањето на кривичната правда. (...)“.“

Dupuis и други против Франција, Жалба бр. 1914/02, Пресуда од 7 јуни 2007  

Dupuis и други против Франција, Жалба бр. 1914/02, Пресуда 7 јуни 2007

Европскиот суд за човекови права одлучи дека имало повреда на членот 10 во случај кога новинарите биле казнети за ширење на информациите добиени незаконски од кривична истрага која е во тек. Судот утврди дека објавените информации се однесувале на прашање од јавен интерес.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-80903

Правни резимеа и коментари:

Лиценцирање

Постои заедничко разбирање, одразено во европските правни системи и во судската пракса на ЕСЧП, дека не треба да постојат системи за лиценцирање на печатени публикации.

Државите не смеат да се мешаат во пуштањето на нови публикации на пазарот, кои секако ги вклучуваат интернет публикациите, без разлика на нивниот облик. Ова е основно начело на слободата на печатот.

Без оглед на тоа, постои и согласност дека би требало да биде воспоставен систем за лиценцирање за медиумите кои се занимаваат со радиодифузија. Ова ограничување се тврди дека произлегува, меѓу другото, од практичното прашање на ограничена достапност на радиодифузниот сектор и со себе носи дополнителни ограничувања, како што е постоењето на национални закони за радиодифузија со кои се утврдуваат рестриктивни услови за емитување (на пример, ограничувачки барања за програмски содржини). Во европските држави се воспоставени национални тела за контрола на радиодифузната дејност со цел спроведување на таквите закони.

Член 10, став 1 од Европската конвенција за човекови права

Слобода на изразување

“(…) Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

element cheieКлучни аспекти од релевантни предмети во ЕСЧП:

Одбивањето да се регистрира одредена публикација мора да биде објективна и предвидлива мерка „релевантниот закон мора јасно да ги утврди околностите во кои се дозволени такви цензури и, a fortiori, кога последицата од цензурата, како и во овој случај, е целосно блокирање на издавањето на одредено списание. Ова е потребно поради потенцијалната закана која таквите цензури пред публикација, поради самата нивна природа, ја имаат врз слободата на изразување загарантирана со член 10“.

Gawęda против Полска, 2002  

Gawęda против Полска, Жалба бр. 26229/95, Пресуда 14 март 2002

Предметот се однесуваше на одбивањето од страна на полските власти да ги регистрираат насловите на две месечни списанија, тврдејќи дека нивните наслови се "во судир со реалноста". Европскиот суд за човекови права утврди повреда на член 10.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-60325

Правни резимеа и коментари:

Аудиовизуелните медиуми можат да бидат построго регулирани од печатените

​На државите им е дозволено преку систем за лиценцирање да го регулираат начинот на којшто се организира радиодифузната дејност на нивните територии, посебно во однос на нејзините технички аспекти (...). Техничките аспекти се несомнено важни, но давањето или одбивањето на лиценца може да биде условено и од други прашања, вклучувајќи прашања во врска со видот и целите на предложената станица, нејзината потенцијална публика на државно, регионално или локално ниво, правата и потребите на секоја публика и обврските кои произлегуваат од меѓународните правни инструменти.

Предмет Informationsverein Lentia и други против Австрија, 1993  

Предмет Informationsverein Lentia и други против Австрија, Жалба бр. 13914/88; 15041/89; 15717/89; 15779/89; 17207/90, Пресуда 24 ноември 1993

Европскиот суд за човекови права утврдил повреда на членот 10 во одржувањето од страна на австриските власти на монопол во аудиовизуелниот сектор.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57854

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-9742

Плурализам - суштински елемент за слободно соопштување на информации и идеи

(...) Судот повеќепати ја нагласи фундаменталната улога на слободата на изразување во едно демократско општество, посебно кога таа служи за пренесување преку печатените медиуми на информации и идеи од општ интерес, кои јавноста има право да ги добива (...). Таквиот потфат не може успешно да се постигне доколку не се темели на начелото на плурализмот, коешто пред сè е загарантирано од државата. Оваа опсервација особено важи во однос на аудиовизуелните медиуми чиишто програми често се емитуваат на мошне широки простори“. Предмет Informationsverein Lentia и други против Австрија, 1993  

Предмет Informationsverein Lentia и други против Австрија, Жалба бр. 13914/88; 15041/89; 15717/89; 15779/89; 17207/90, Пресуда 24 ноември 1993

Европскиот суд за човекови права утврдил повреда на членот 10 во одржувањето од страна на австриските власти на монопол во аудиовизуелниот сектор.

Пресуда: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-57854

Правни резимеа и коментари: http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=002-9742

In order to promote its content and to allow using it in any derivative works as much as possible, this brochure is licensed under a Creative Commons Attribution-ShareAlike 4.0 International License.